Овие колачи не содржат глутен, шеќер, млачни масти ниту храна од животинско потекло. Многу брзо се приготвуваат, а уште побрзо се јадат.

За разлика од традиционалните брауни во кои се става масло, путер и шеќер, на овој рецепт не му се потребни такви намирници. Потребен ви е само здравиот компир батат, какао и путер од бадем.

Готов путер од бадем може да се најде во продавниците за здрава храна, а можете и сами и да си го направите, но можете да користите и некоја друга негова замена, како путер од кикирики или од индиски ореви.

Потребни состојки:

270 г пире од батат
115 г путер од бадеми
65 г какао
Глазура од чоколадо по ваш избор

Постапка:

Најпрво вклучете ја рерната да се загрева на 180 степени, бидејќи колачот навистина многу брзо се приготвува.

Во блендер ставете ги сварените компири и изблендирајте ги додека да добиете пире. Потоа додадете го путерот од бадеми и какаото додека да добиете изедначена смеса.

Добиената смеса прелијте ја во помал калап за печење обложен со хартија, па ставете да се пече во загреаната рерна 12 до 15 минути, односно додека да се испечат до крај.

За да проверите дали е печено, ставете дрвена чепкалка во колачот, па ако е чиста кога ќе ја извадите, колачот е готов. Ако чепкалката е влажна, печете уште некоја минута плус.

Оставете го колачот да се олади до крај пред да го исечете и послужете. Врз колачите прелијте чоколадна глазура по ваш вкус (најобичната глазура се приготвува од чоколадо за готвење кое се растопува на пареа со малку масло за сјај).