Вака се прават најубавите украси за славски колач: Рецепт и инструкции за секој православен симбол

Рецепт и видео презентација – Идеи за креативци – Направи сам – украси за славски колач.

Направете најубав славски колач досега според овој рецепт со детално објаснување.

Потребни состојки:

200 г брашно или скроб/нишесте
3 лажички сол
110-120 мл топла вода

Постапка:

Измешајте брашно, сол и вода, па со рака замесете убаво и еластично тесто. Покријте го со најлонска фолија или кеса и оставете малку да отстои. Откако ќе одмори тестото, време е за подготовка на украсите.

Развлечете го тестото со оклагија во кора со дебелина од 8 до 10 милиметри, па прво направете го традиционалниот симбол IS HS NI KA, кој ќе го добиете така што ќе исечете квадратче од тестото, а потоа во него ќе ги втиснете буквите со помош на дрвен печат (кој обично с екупува во црквите и манастирите).

Потоа со помош на остар нож исечете крст, најпознатиот симбол на верата, а со помош на калап во облик на срце, најлесно ќе направите грозд, симбол на родната година.

Во видеото погледнете како едноставно се прави и укас во облик на книга која ја претставува Библијата, потоа птица која е симбол на здравјето и веселбата, ружа како познат симбол на убавината на душата и децата, лист и буренце кои исто така означуваат родна година и жито, прочуениот православен симбол на новиот живот…

Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото:

Loading...