Јодот е посебно неопходен за целосно функционирање на штитната жлезда која го користи за да создаде хормони кои се вклучени во различни процеси: раст, зараснување на рани, метаболизам и развој на мозокот.
Дефицитот на јодот ја успорува работата на штитината жлезда која не ја произведува потребната количина на хормони, па поради тоа се појавува хипотироизам.
Ова се некои од знаците кои укажуваат на недостиг на јод во телото:
ПРЕКУМЕРНА ТЕЖИНА – Поради недостиг на јод може да дојде до драстично зголемување на телесната тежина, поради успорените метаболички процеси и складирање на поголемиот дел од внесените калории во облик на масно ткиво.
КОНСТАНТНА СЛАБОСТ И УМОР – Ако лицето тешко ги поднесува секојдневните задачи и ако нема доволно физичка сила за обавување на вообичаените работи, па дури и доколку нема проблем со спиењето, тоа може да укажува на недостиг на јод во телото.
ЗГОЛЕМЕНА СУВОСТ НА КОЖАТА – Лупењето на кожата може да укажува на хипотироизам. Факт е дека клетките се обновуваат под дејство на тироидните хормони, па доколку ги немаме доволно, тогаш бројот на мртви клетки се зголемува.
ПУКАЊЕ И ГУБИТОК НА КОСАТА – Хормоните на штитната жлезда придонесуваат за обновување на фоликулите на влакната, а без овие хормони фоликулите не се обновуваат, односно количината на косата од главата се намалува.
СТУДЕНИЛО – Чувство на топлина се јавува како последица на енергијата ослободена од метаболните процеси, а доколку тие се успорени, тогаш на телото постојано му студи.
СЛАБ ПУЛС – Успорувањето на работата на срцето исто така е предизвикано од недостиг на јод. Дополнителни симптоми вклучуваат главоболка и вртоглавица.
ОШТЕТЕНО ПАМТЕЊЕ – Хормоните од штитната жлезда се неопходни за развој на мозокот, а нивниот недостиг може да биде предизвикан од недостиг на јод.
ОТЕКУВАЊЕ ВО ПРЕДЕЛОТ НА ВРАТОТ – Штитната желзда се наоѓа во вратот и кога има недостиг на јод, доаѓа до оток во овој предел.
ПОРЕМЕТЕН МЕНСТРУАЛЕН ЦИКЛУС – Кога шостои дефицит на јод може да дојде до појава на премногу обилни или премногу ретки менструални периоди. Тоа е затоа што тироидните хормони влијаат врз другите хормони во телото, особено на оние кои го регулираат менструалниот циклус.
ТЕШКА БРЕМЕНОСТ – Недостигот на јод е опасен не само за жената во бременост, туку и за фетусот. Дефицитот на овој минерал може да доведе до застој во развојот на детето или отежнат развој на неговиот мозок. Ако жената доживее акутен дефицит на јод, тогаш постои голема веројатност дека ќе има фатален исход за детето или тоа ќе се роди со сериозни ментални пречки.
ЛЕКУВАЊЕ ПРИ ДЕФИЦИТ НА ЈОД
Ако благовремено не ги пополните резервите на јод во телото, штитната жлезда ќе започне да расте, обидувајќи се да го надополни недоволното ниво на хормоните. Зголемената штитна жлезда се нарекува гушавост.
Оптималниот дневен внес е 120-150 mcg, а според статистиките, поголемиот дел од населението за жал прима до 80 mcg јод дневно.
За да го пополните дефицитот во исхраната треба да консумирате: масна риба (туна, бакалар), шкампи, мисиркино месо, компир, грав – бел, морски алги, суви сливи, брусница, јагоди.
За голем дефицит на јод потребна е суплементска терапија. Јодираната сол исто така помага во дополнување на недостигот од јод.
Најлесен начин за да утврдите дали на телото му недостига јод е преку анализа на урината. Водете сметка што јадете и како живеете. Недостигот на јод може да доведе до сериозни болести. Штом утврдите дека имате дефицит на јод, закажете преглед на ендокринолог.