“Првпат го добив од бившите соседи на моите родители. Слушнале како моите деца, астматичари кашлаат по цела ноќ. Следниот ден ми дадоа сируп и ми рекоа дека ако им помогне сирупот, ќе ми го дадат и рецептот.
И, им помогна. И така оттогаш едно 20 години го правиме тој сируп. Им го давам овој сируп уште на почетокот од септември, секое утро по една лажица, како превенција и за подигање на имунитетот. Откога на момциве мои им стана подобро и астмата се повлече, престанав да го правам. Оваа година повторно го направив, си велам лудо време е, можеби ќе ни затреба…” – вели Рената.
Борче Ѓорѓиевски живее во Пехчево, на надморска височина од 1200 метри и секоја година бере цвет од бел бор и приготвува лековит сируп за себе и за своите најблиски. Оваа година, како што вели тој, направил поголема количина и има вишок, па може да даде на повеќемина. За читателите на НМД.мк го откри рецептот за овој лековит сируп од бел бор.
Потребни состојки:
-млади иглички од бел бор
-шеќер
Постапка:
Напролет, во месец мај се собираат младите иглички од бел бор од чиста и незагадена околина. Се редат во чисти стаклени тегли, ред шеќер, ред иглички и така до крај, но последниот слој да биде шеќер. Се остава на топло сочнево место додека целиот шеќер да се растопи. Потоа се остава на ладно и темно место до почетокот на септември. Се процедува и се користи превентивно или по потреба.
РЕЦЕПТ 1
Видов дека објавувате разни природни рецепти, па се надевам дека некому ќе помогнам со овој природен сируп. Идеален е за деца и возрасни, а помага при разни настинки, кашлица и отечено грло.
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
400 г млади борови иглички
1 кг кристален шеќер
ПОСТАПКА:
Наберете млади борови иглички околу 400 грама. Берете ги само младите пупки кои имаат светлозелена боја. Измијте ги под студен млаз вода и наредете ги на кујнска крпа да се потсушат. Во голема стаклена тегла прво ставете ги боровите иглички, па наросете ги одозгора со шеќер. Јас ставам 1 килограм обичен кристален шеќер, а може да се стави и интегрален. Теглата поклопете ја со тацна за да го заштитите сирупот од досадните инсекти.
За да го добиете лековитиот сируп потребни се 3 до 4 месеци, во зависност од тоа каде ќе ја чувате теглата. Постапката е побрза доколку таа е изложена на сонце. Вие не треба веќе ништо да направите, природата сама ќе си го направи своето. Кога сонцето и природата ќе си го направат своето, вие ќе добиете готов производ без рок на траење. Се користи по потреба, по една супена лажица 2-3 пати дневно. За одржување: 1 лажица дневно, најдобро пред оброк или помеѓу оброци.
РЕЦЕПТ 2
ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:
1 кг млади борови иглички
1 кг шеќер (или мед)
1 голема стаклена тегла
ПОСТАПКА:
Боровите иглички измијте ги и оставете ги на крпа да се исушат, најдобро преку цела ноќ. Во голема стаклена тегла редете ред иглички, ред шеќер, затворете ја херметички теглата и ставете на сончев прозор околу 40 дена со повремено протресување (да не се отвора). После 40-45 дена сирупот процедете го низ густа газа, па кога има потреба консумирајте по 3-4 лажички на ден. Се употребува при кашлица и густ секрет. Наместо шеќер може да се стави мед. На деца се дава после навршување на 1 година и со консултација на лекар.