Запишан е како “Црнец” и откога еднаш ќе го правите, често ќе биде на вашата трпеза.

Овој колач е готов за 5 минути, не ви е потребна ниту вага… со малку чоколадо, многу какао и шарени трошки – ќе стане прекрасен и декоративен колач, а не само вкусен, црн колач!

Потребни состојки: 1 чаша (од 200 мл) кисела павлака, 1 чаша шеќер, 3 јајца, ½ чаша масло, 1 чаша брашно, 1 чаша мелени лешници, 1 чаша какао, 1 прашок за печиво и чоколадна глазура и шарено трошки за декорација

Постапка: Измиксајте ги јајцата со шеќерот додека да станат пенасти и да згуснат. Додадете ја павлаката, промешајте, а додека миксате додадете го и маслото во тенок млаз.

На крај додадете го брашното, мелените лешници, какаото и прашокот за печиво. Промешајте добро за да се изедначат состојките, па добиената смеса излејте ја во помал калап или плех 30х20 см обложен со хартија и печете во загреана рерна на 180 степени околу 45-50 минути.

Врз изладениот колач прелијте чоколадна глазура по ваш избор (растопено чоколадо со слатка павлака или растопено чоколадо со малку масло) и одозгора наросете шарени трошки.

Coolinarika.com