Нема сомнеж дека сите го мразат големиот, тркалезен и подуен стомак. Ако сте го имале овој проблем, знаете дека создава чувство на неугодност, а истовремено сакате од него да се ослободите брзо и лесно, но тоа некако оди потешко…
Сепак, постои рецепт кој може да направи чуда за вашиот подуен стомак. Овој напиток е најлесниот начин да се ослободите од гасовите и подуениот стомак.
Тоа е комбинација од Саси вода и чај од анасон. Има речиси 0 калории, а рецептот го осмислила Синтија Сас со чија помош обичната вода се превора во топач на масти.
Покрај тоа, Саси водата ја подобрува и ја урамнотежува дигестијата и го подобрува и го јакне вашето целокупно здравје. Синтија исто така, осмислила и диета со назив Flat Belly диета, а чија основа е токму Саси водата за слабеење.
Имајте на ум дека и натаму треба се земе во предвид задржувањето на водата и рамнотежата на електролитите, па дури и ако се пие 8 чаши вода дневно.
Еве го рецептот за овој извонреден напиток:
Потребни состојки:
2 литри вода
2 лажици семе од анасон
1 краставица
1 лимон
1 лажица рендан ѓумбир
12 листови нане
постапка:
Сварете чај од 2 литри зовриена вода и 2 лажици анасон. Откако ќе зоврие по 2 минути тргнете на страна и оставете поклопено да се олади.
Во процедената течност додадете 1 краставица, излупена и исечена на тенки тркалца, 1 лимон исечен на тенки тркалца, 1 лажица рендан свеж ѓумбир, 12 листови нане.
Употреба: Оставете неколку часови во фрижидер, а потоа пијте по 8-10 чаши дневно. Саси водата содржи моќни состојки кои ја подобруваат дигестијата и ги смируваат гасовите и подуеноста на стомакот. Пробајте и уверете се сами, ефектите се неверојатни.