Фото и рецепт: Медиха Чиркин – бронхи сируп за искашлување

Ова се моите сирупи од коморач и жалфија. Во шишињата се сирупи приготвени за освежување, а во теглите (поинаква подготовка) за зима, за полесно искашлување. Воодушевена сум од вкусот. Ако ги сакате бронхи бонбоните, ќе ви се допаднат и овие сирупи.

Ако ги правите и едниот и другиот сируп…

Потребни состојки:

500 г коморач
2 раце жалфија
700 г + 1,5 кг шеќер
околу 3,5-4 литри вода

Постапка:

-наберете цветови и гранчиња, ливчиња околу 500 г;
-измијте ги и исцедете ги на цедалка;
-гранчињата исечкајте ги;
-сè прелијте со топла вода, колку да биде прекриен коморачот и оставете преку цела ноќ;
-следниот ден, некаде на пладне додадов околу две раце врвови од жалфија;
-сето убаво го загреав, до некои 40 степени;
-оставив да отстои уште околу 4,5 часа;
-на крај сето убаво процедете го на најгуста цедалка (можете да ставите и газа врз цедалката), јас 2 пати го процедив.

БРОНХИ СИРУП ЗА ИСКАШЛУВАЊЕ

-Од претходно добиениот сируп одвоив 700 мл течност, па во едно тенџере ставив 700 г обичен шеќер (наводно најдобро е со кафеав шеќер или мед, но медот не треба да се изложува на високи температури, повисоки од 35).
-Значи се меша сирупот со шеќер во однос 1:1;

-се става на многу тивок оган и се меша додека шеќерот да се растопи. Не треба да се вари!
-додека е врело се складира во теглички и добро се затвора со метални капаци;
-се чува на темно и ладно место.

Сирупот во шишињата се разредува со вода 1:2.

-Ми остана околу 2,5 литри течност за сируп за освежување, па додадов 1,5 шеќер и мешав додека шеќерот целосно се растопи. Сирупот го складирав во стаклени шишиња, едното го ставив во фрижидер, а останатите во подрум.

Фото и рецепт: Медиха Чиркин