Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss) – ЏЕРИ колач.

Овој колач немаше име кога го добив рецептот, па така, кога ја извадив фотографијата на мојот фб профил, на еден пријател толку му се допадна што му го дадовме ова име. Во таа чест колачов дури и со посветена песна се здоби…

Потребни состојки

5 јајца
5 лажици шеќер
½ чаша (200 мл) масло
1 чаша (200 мл) мелени ореви
4 лажици гриз
4 лажици мелена гранола (или мелени бисквити или презла)
4 лажици брашно
1 пакетче прашок за печење

За шербет:

700 мл вода
700 г шеќер
2 пакетчиња ванилин шеќер

Постапка:

Најпрво се вари шербетот за да има време да излади додека се приготви колачот. Се ставаат водата и шеќерот да зовријат и се оставаат на умерена температура да врие 10 минути. Ванилиниот шеќер се става кога ќе се тргне од шпоретот. Се трга на страна да олади.

Јајцата и шеќерот убаво се матат до згуснување. Се намалува миксерот на мала брзина и се додаваат прво течните состојки, па потоа со шпатула се мешаат сувите. Во намастена нелеплива тепсија 20х30 се истура смесата и се пече во загреана рерна на 160 степени додека да фати убава кора одозгора и страните се одделат малку од рабовите.

Колачот се остава 10 минути и потоа се прелива со оладениот шербет. По 3-4 часа е спремно за послужување. Послужете со шлаг одозгора и јатка орев. Така убаво украсена дополнително ќе го разубавите неговиот одличен вкус.

Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss)