Фото и рецепт: Драгана Ѓорѓевиќ – Грозје во тегла

По сугестија и наговарање од мојата сестра Даде од Херцег Нови да ја пробам оваа зимница, па еве ме, веќе трета година по ред правам грозје во тегла и тоа двојна мера. Кој сака може да додаде по прстофат конзерванс и винобран, а кој не, треба да ги пастеризира теглите еден час во рерна на 100 степени.

Потребни состојки за 3 тегли од 700 г:

Грозје бело или црно
10-тина лути пиперчиња
1 китка целер – листови
црн пипер во зрно
бел синап
зачини кој што сака

За прелив:

200 мл алкохолен оцет 9%
600 мл вода
1 лажица сол
2 лажици шеќер
1 прстофат винобран – опционо
1 прстофат конзерван – опционо

Постапка:

Грозјето убаво измијте го, а ако е прскано оставете го малку да отстои во вода со малку сода бикарбона. Исчистете ги зрната. Целерот убаво измијте го, па исечете цели гранчиња со листови. Пиперките измијте ги, исцедете ги, па избоцкајте ги на неколку места со врвот од остар нож.

Полнете ги теглите со грозјето, ставете по неколку лути пиперчиња, лист од целер, црн пипер во зрно и синап, како и зачини по желба. Пиперките можете да ги боцкате и пред ставањето во тегла.

Сите состојки за прелив измешајте ги во еден поголем сад и добро промешајте за да се изедначат, па полнете ги теглите до врв. Ако одбегнувате конзерванси, тогаш теглите добро затворете ги и ставете ги во рерна на 100 степени да се пастеризираат околу еден час. За сите љубители на солено-слаткастиот вкус – ќе бидете воодушевени, како што бев и јас!

Фото и рецепт: Драгана Ѓорѓевиќ