Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss) – Манастирски колачи.

Уживајте во вкусните посни шишарки – КУКУЛИЧКИ приготвени според рецептот на нашата драга пријателка Beti Josi. Како и сите други нејзини рецепти, така и овој, е едноставен и брз, но со неодолив вкус. За 5-10 минути се готови.

Потребни состојки: 3 лажици какао, 100 г чоколадо, 100 г сусам, 5-6 лажици мед, 800 г чоко попс или МБ житарки, 5 лажици шеќер и 1 маргарин (250 г)

Постапка: Сусамот се пече во суво тенџере за да добие убав мирис и малку да зарумени. Цело време се меша за да не изгори. Се додава маргаринот исечен на коцки, чоколадото искршено на коцки и се меша додека да се растопат.

Тенџерето е најдобро да се тргне на страна за да не изгорат одеднаш или да се намали температурата на минимум. Откако ќе се соедини смесата, се додаваат и сите други состојки освен чоко попсот.

Чоко попсот е најдобро да се стави во некој поголем сад, па кога преливот ќе се растопи, се прелива и меша за да се изедначи.

Со обратната страна од цедалка за лимони се прават калапи (се обложува со проѕирна фолија), се полнат со мало кафено лажиче и се истресуваат врз рамна чинија. На здравје.

Фото и рецепт: Beti Josi (Klara boss)