Овој народен лек се пренесува со генерации, а се користи за чистење на крвта, за намалување на туморите, ублажување на симптомите од менопауза, за регулирање на шеќерот и дијабетесот.
Глуварчето е исклучително популарна и позната билка во народната медицина. Лековитите својства се користат за лекување на различни болести и здравствени состојби.
Глуварчето:
-го чисти црниот дроб
-поттикнува производство на жолчка
-го регулира нивото на холестерол во крвта
-лекува алергии
-ги намалува симптомите од менопаузата
-го намалува нивото на шеќер во крвта
-ја прочистува крвта
-го регулира метаболизмот
-лекува стомачни проблеми
Неговите листови се богати со витамини и може да се додаваат во салати и разни диетални оброци кои помагаат да се елиминираат вишокот килограми.
Цветовите на глуварчето се користи за приготвување на сируп кој ја чисти крвта, го подобрува варењето, ја ублажува кашлицата…
Коренот на глуварчето лекува тумори, црн дроб и разни други здравствени проблеми. Коренот треба да се извади од земја, да се измие добро и да се исуши на воздух 15 дена. После тоа се чува во тегли на ладно и темно место.
РЕЦЕПТ ЗА СИРУП ОД ГЛУВАРЧЕ
Потребни состојки:
400 жолти цветови од глуварче
4 лимони исечени на парчиња
4 портокали, исечени
3 литри вода
Постапка:
Додадете ги сите наведени состојки во водата и оставете да отстои 24 часа. Потоа додадете 2 шолји шеќер и гответе околу половина час. Кога смесата ќе стане густа, тргнете од оган и складирајте во стерилизирани тегли. Користете го како лек против настинки, грип, кашлица и бронхитис.
ЧАЈ ЗА СУЗБИВАЊЕ НА ТУМОР И СИМПТОМИ ОД МЕНОПАУЗА
Направете мешавина од 60 г суви листови и 30 г сув корен од глуварче. Една лажица од оваа мешавина прелијте со 250 мл врела вода и прстофат морска сол. Варете 20 минути, а потоа процедете и пијте трипати дневно.