Печениот кромид се покажал дури и подобар од некои лекови, бидејќи освен што е корисен, лековит и хранлив – нема нус ефекти. Може да претставува лек кој лекарите би го препишувале без ограничувања.

Сопругата на нашиот матичен лекар секогаш ги пречекува гостите со овој здрав деликатес. Сега и јас почнав да го почнав кромидот за себе, моето семејство и за сите пријатели и роднини кога ќе ми дојдат на гости.

Веројатно ви се познати огромните здравствени придобивки од суровиот зеленчук и свежите плодови. Но, постојат ретки меѓу нив, како што е кромидот, кои кога термички ќе се обработат стануваат полековити и полесно апсорбливи за организмот.

Кромидот е многу корисен за телото и во сурова форма, особено младиот кромид, меѓутоа, многумина го одбегнуваат поради пост-ефектот, односно лошиот здив и испарувањата на телото.

Голем број луѓе погрешно мислат дека корисните својства на кромидот се намалуваат во текот на печењето. Ова не е точно, бидејќи само есенцијалните масла испаруваат, а откако ќе се испече во рерна, само се интензивираат лековитите својства на кромидот.

КАКО ПРАВИЛНО СЕ ПЕЧЕ КРОМИДОТ ВО РЕРНА

Предноста на печениот кромид во однос на суровиот е огромна, бидејќи станува многу повкусен, а се одбегнува оној непријатниот. Затоа, без страв јадете го ова необично јадење, но потребно е правилно да го приготвите.

Кромидот убаво измијте го заедно со неговата надворешна лушпа, отстранете го само делот со коренот. Пресечете го на половина или оставете го цел, малку наросете го со масло или путер и зачинете го по вкус. Ставете да се пече на 150-170 степени околу 15-30 минути.

Употреба: Изедете една половина кромид наутро на празен стомак и една половина 2-3 часа пред спиење. Вака приготвениот кромид можете да го користите како гарнир за риба или месо.

КОРИСНИ СВОЈСТВА НА ПЕЧЕНИОТ КРОМИД

Печениот кромид е особено корисен за лица кои страдаат од висок шеќер во крвта. Содржи сулфур кој го активира панкреасот и ја подобрува неговата функција.

Покрај другото, содржи и железо кое е неопходно за транспорт на кислородот и исхрана на сите ткива во организмот, а со тоа и нивно подобро функционирање. Печениот кромид активно се користи во третман на белодробни болести како бронхитис и пневмонија, а особено помага во лекувањето на децата.

Треба почесто да го консумираат сите кои имаат проблем со згрутчување на крвта. После срцев или мозочен удар лекарите препорачуваат јадење на печен кромид секојдневно. Помага во чистење на крвните садови и ги елиминира атеросклеротичните плаки.

Помага во нормализирање на крвниот притисок, како и кај главоболки од мигрена. Освен за јадење, печениот кромид може да се користи и како облога за гноен чир или рани за да го забрзате процесот на заздравување. Облогите имаат антибактериски ефект, а помагаат и за лекување на хемороидите. Со редовна употреба, печениот кромид може да ве ослободи од многу болести и да има превентивен ефект.