Сокот од киви особено се препорачува за луѓе кај кои има ризик од појава на тромб и згрутчување на крвта, а со тоа и ризик од мозочен удар. Кивито е овошје кое треба сите да го воведеме во секојдневната исхрана, бидејќи делува благотворно врз организмот и преполно е со разни здрави состојки.
Претставува одлично средство за оние кои имаат проблем со песок во бубрезите и жолчното кесе. Сокот од киви содржи голема количина на калиум и влакна, што е од голема важност за заштита од срцеви болести.
Зошто е добро да се пие сок од киви? Делува врз човековиот организам на следниот начин: ги чисти бубрезите, мочниот меур и жолчната кеса од песок и камчиња; спречува кардиоваскуларни болести; спречува појава на тромбови и згрутчување на крвта;
Потоа, намалува ризик од мозочен удар; ја штити виталноста на клетките;
-поволно влијае врз видот и спречува очни болести (катаракта, дивертикулоза, конјуктивитис…) го потикнува закрепнувањето на организмот; ја штити ДНК од штетното влијание на слободните радикали, но и од срцев инфаркт;
Исто така, прави детокс на организмот; го подобрува имунитетот; спречува формирање на масни наслаги; придонесува за здравје на кожата; делува врз способноста за памтење; ублажува симптоми кај бронхитис, хронична кашлица и други белодробни болести, кај деца и кај возрасни
(истражувањата покажале дека кај лицата со некаков облик на белодробна болест, доколку редовно консумираат свеж киви и сок од киви, доаѓа до зголемување на белодробниот капацитет за дури 32% и се намалува честотата на нагонот за кашлање за дури 27%); го отстранува целулитот;
Треба да бидете внимателни со дневната количина на сок од киви. Не би требало да испиете повеќе од 1-2 чаши сок разблажени со вода, бидејќи може да доведе до алергија на киви.
СОК ОД КИВИ – РЕЦЕПТ – Потребни состојки: 1,5 кг свеж излупен киви, 500 г шеќер и 1,5 литар вода. Постапка: Излупете го кивито, исечкајте го, ставете го во блендер и сомелете го. Потоа процедете го низ цедалка за да се ослободи што повеќе сок.
Водата ставете ја на оган, па кога ќе зоврие исклучете и оставете да излади. Во процедениот сок од киви додадете ја преварената и изладена вода и 500 г шеќер. Мешајте околу 20 минути додека шеќерот целосно да се растопи (може да го ставите и во водата додека таа е топла).
На тој начин побрзо ќе се растопи и нема да морате подоцна толку да го мешате сокот). Сокот складирајте го во стерилизирани стаклени шишиња и чувајте го во фрижидер. Пред употреба разблажете го со вода.
Напомена: Секогаш е најдобро да се јадат свежи плодови и свежо исцеден сок од киви, но вака приготвениот сок е еден начин тој да се конзервира за полесна и побрза консумација. Термички не се обрабоува, што значи дека сите хранливи состојки се сочувани.
Сокот или сирупот од киви содржи: витамин А, Б-комплекс, витамин Ц, Е, К, селен, калциум, калиум, фосфор, каротеноиди, железо, хлорофил, лутеин, јаглени хидрати, флавоноиди и поради тоа се препорачува да се користи во исхраната и на мали деца и за слабокрвни лица.