Ако некогаш сте правеле бешамел сос, тогаш знаете ја знаете магијата на додавањето кашкавал во него. Имено, кога во млечната смеса од путер, брашно и млеко ќе додадете и кашкавал, тогаш сосот ја добива конечната верзија на нежен и кремаст изглед со префинет и богат вкус.

Применете го овој трик и врз компир-пирето, и ќе го добиете највкусното пире кое некогаш сте го направиле.

Компир пирето покрај помфритот е најчестиот прилог во различни јадења на нашите трпези, а секоја домаќинка има свој посебен трик за приготвување на овој специјалитет.

Најдобрите француски готвачи велат дека кога во него ќе додадете три тајни состојки тоа ќе стане првокласен специјалитет на кој никој не може да одолее.

Во оригиналниот рецепт се приготвува од два вида сирења и се нарекува Aligot. Како нивна замена може да се користи моцарела и некој вид кашкавал.

Потребни состојки:

1 кг компир
500 г рендан кашкавал (или по вкус, најмалку 200 г)
2 чешниња лук
30 г путер (или масло по ваш вкус)
1 лажица павлака
Сол, црн пипер

Постапка:

Сварете го компирот, процедете го и оставете го неколку минути малку да подизлади. Потоа додадете ситно сечкано лукче, па измиксајте го компирот во пире.

Додадете путер и павлака и матете додека да се растопат. Потоа додадете рендан кашкавал и матете го со лажица додека да се соедини со пирето и добиете еластична смеса.

Зачинете и сервирајте по желба.