Најчесто причината за груби раце се разните препарати за суво миење и дезинфекција, а кои содржат хемикалии или алкохол што ја суши кожата. Ова дополнително се зголеми со мерките за превенција и пропишаните хигиенски мерки.
Денес ќе споделиме со вас многу добар рецепт кој ќе ви помогне да ја вратите свежината на кожата од вашите раце. Сите состојки се потполно природни, без никакви хемикалии и не можат да и наштетат на вашата кожа на кој било начин. Веруваме дека ќе ви се допадне овој домашен крем за испукани раце, и лесно ќе го направите во домашни услови.
Потребни состојки:
1 лажица рендан пчелин восок
1 лажица путер од какао
½ чаша шеа путер
2 лажици кокосово масло
100 мл масло од невен,
10 мл масло од пченица,
15 капки есенцијално масло од рузмарин,
5 капки есенцијално масло од жалфија
Постапка:
*Сите состојки можете да ги набавите од аптека.
На многу тивок оган се растопува пчелиниот восок, кокосовото масло, какаото и шеа путерот. Потоа тргнете го садот од огнот и додадете ги останатите состојки. Истурете го добиениот мелем за раце во стаклени теглички и оставете го некое време додека да се стврдне. Затворете и чувајте во фрижидер.
Ако вашите раце се често во вода, склони кон пукање и сушење, задолжително користете го овој домашен крема. По неколку дена, ќе забележите дека вашата кожа е подобро хидрирана, посјајна и ќе добие поздрав изглед.
Зошто овие состојки се толку добри?
Путер од какао
Многу дерматолози ги поврзуваат сувите раце и недостатоците на витамини, и тоа со право. Ако имате дефицит на витамини Е и А, постои голема можност вашите раце да бидат распукани и суви.
Путерот од какао е богат со витамин Е. Ние веќе знаеме дека е неопходен за здрава кожа. Ја омекнува, хидрира и подмладува исушената кожа. Се апсорбира исклучително брзо и не остава масни остатоци.
Шеа путер
Содржи изобилство на витамини А и Е. Ги смирува речиси сите иритации и ја храни кожата. Го стимулира производството на колаген. Благодарение на високиот процент на масни киселини, кожата станува затегната и еластична. Тој е незаменлив кога станува збор за лекување на сува кожа на рацете.
Кокосово масло
Толку е моќно што можете да го користите за нега на кожата без додатоци. Ја храни, зајакнува и регенерира за многу кратко време. Ова здраво масло содржи витамин Е, кој помага во борбата против стареењето на кожата и оштетувањето што се јавува под влијание на штетното сончево зрачење. Тоа ќе помогне дури и во случај рацете да ви се распукани со длабоки рани.
Масло од невен
Се добива со потопување на невенови цветови во ладно цедено маслиново масло. Ја забрзува регенерацијата на кожата и ја подобрува циркулацијата на крвта. Ја хидрира, омекнува и подмладува кожата на рацете.
Совет: Можете сами да направите масло од невен. Истурете 100 г сув невенов цвет во стаклена тегла и прелијте со 500 мл маслиново масло. Затворете и оставете да стои 40 дена. Потоа процедете преку газа.
Масло од рузмарин
Ја забрзува циркулацијата и има антисептично дејство и спречува појава на воспаление и го забрзува заздравувањето на испуканата кожа. Го забавува стареењето на кожата и спречува појава на старечки дамки. Маслото од рузмарин го покажа и својот моќен ефект во негата на косата.