Ренот е најмоќниот природен антибиотик, а во продолжение може да прочитате неколку рецепти и начини како да го користите за лекување.
Ренот е растение кое содржи гликозиди, калиум, сулфур и многу витамин Ц. Благодарение на овие својства, може да се користи не само како зачин во многу јадења, туку и за медицински цели. Сигурно сте слушнале дека во буре за кисела зелка се става и малку рен за да ја сочува зелката од расипување, бидејќи не дозволува да се развијат габички и бактерии.
Ренот е многу ефикасен природен антибиотик. Еве како влијае врз човечкото тело:
-Ги загрева мукозните мембрани и кожата
-Го нормализира снабдувањето со крв во бубрезите
-има диуретично дејство;
-го забрзува одливот на жолчката;
-ја подобрува циркулацијата на крвта;
-го омекнува секретот и го олеснува искашлувањето;
-го намалува шеќерот во крвта;
-го подобрува функционирањето на гастроинтестиналниот тракт.
Единствените контраиндикации за употреба на ренот се појачано потење и евентуална алергија на него.
Во случај на дигестивни нарушувања, додадете една лажичка рендан рен во чаша топло млеко и консумирајте го овој пијалок еднаш на ден – по можност навечер.
Рен против настинка и грип
За да спречите развој на настинка, консумирајте 50 г рендан рен, конзервиран или свежа, секојдневно. Ова е ефикасен третман кој не се препорачува за оние кои имаат желудечни или бубрежни заболувања.
Измешајте рендан рен со мед (односот е 1 лажица рен и 3 лажици мед) и користете го при кашлица или симптоми на астма, но само кога телесната температура не е покачена над 38 степени.
Медот ја омекнува острината на ренот и придонесува за брзо уништување на патогените микроорганизми. Доволно е да се земе една мала лажичка од оваа мешавина 5 пати на ден. Ако сакате да го подобрите дејството на овој лек, додадете малку рендан кромид и 5 лажици вода, а потоа измешајте и користете го како лек.
Во случај на грип:
Прелијте една лажица рендан рен со чаша врела вода и оставете го да врие на тивок оган 5 минути. Процедете го и пијте го овој чај 3 до 4 пати.
Во случај на ревматизам и главоболка:
Коренот од рен со должина од 10 см ситно исечкајте го. Потоа додадете малку вода и ставете ја оваа смеса на ленено платно и ставете ја како компресија на болното место. Ако страдате од главоболка, ставете облога од рен на тилот. Пред да ја нанесете оваа облога, прво подмачкајте ја кожата со масло. Оставете да делува 5 минути и потоа исплакнете го со млака вода.
Дезинфекција на рана:
Изрендајте го коренот од рен и измешајте го со 1 литар 70% алкохол. По два дена, процедете го алкохолот. Мачкајте ги раните со оваа тинктура и истовремено ќе направите и дезинфекција.