Белата ајдучка трева е добро позната билка во целиот свет. Тоа е повеќегодишно тревесто растение кое достигнува височина и до 1 метар.

Билката е покриена со сивкасти влакненца, што е причина за нејзината сиво-бела боја. Неговото име “Столисник” сугерира дека главната карактеристика на ајдучката трева се нејзините илјадници ливчиња, кои се наоѓаат на издолжените стебла. Нејзините соцветија се рамни, составени од голем број мали цвеќенца кои наликуваат на корпи. Се користи целиот копнен дел од растението, со или без цвеќиња.

Ајдучката трева е лековито растение, помага за лекување на многу сериозни болести, но првенствено е лековита билка за жени.

Пасторот Кнајп во своите статии вели: “Жените би се спасиле од многу проблеми ако повремено посегнуваат по ајдучката трева! Дали е тоа млада девојка која има нередовна менструација или постара жена која е во менопауза? Возраста не е важна, ги лекува сите, дали сте млади или стари не е важно, а важно е често да пиете чај од ајдучка трева “.

Од книгата на Марија Требен – „Здравје од Господовата аптека“:

…Има многу добар ефект врз желудникот на жената, па затоа не можете да сторите ништо подобро за своето здравје, освен да се прошетате во шума или на поле и да наберете букет свежа ајдучка трева. Расте на ливади и покрај патиштата, на рабовите од полињата со житни култури…

Цветовите се бели до розово-црвени и мирисаат на сонце. Во принцип, цвеќето треба да се бере под силна сончева светлина, затоа што тогаш се зголемуваат нивните есенцијални масла и заедно со нив и нивната лековита моќ.

Познавам една млада гостилничарка за која се зборуваше дека има рак на желудник. Беше подложена на зрачење како дел од терапијата која и беше пропишана. На нејзиното семејство му беше соопштено дека болеста е неизлечива и дека нема да преживее.

Се сетив на пасторот Кнајп и на неговите совети за стомачните тегоби и ја посоветував младата жена да пие чај од ајдучка трева колку што може да издржи. Бев многу изненадена кога ја снема цели три недели, а подоцна добив писмо дека се чувствува одлично и дека полека но сигурно ја враќа својата нормална тежина.

Честопати кога има воспаление на јајниците, ако се направи бања со ајдучка трева, уште при првото капење се елиминира болката, а воспалението постепено се смирува. Овие “ајдучки” бањи се ефикасни и при мокрење кај стари лица и деца. Тие се исто така ефикасни кога постои бел вагинален секрет. Во овие случаи, заедно со бањите, треба да се пие и чај од ајдучка трева – две чаши на ден.

Бањите помагаат и кога матката е отстранета или при постоење на миоми. Се приготвуваат бањи во комбинација со чаеви се додека да се отстрани проблемот.

Еднаш, една 19-годишна девојка немала менструација, па гинекологот и препишал апчиња за контрацепција. Не само што не помогнала оваа терапија, туку градите на девојчето абнормално пораснале. Тогаш мајката дојде кај мене за совет, а јас и препорачав да му дава на девојчето секој ден да пие по една шолја чај од ајдучка трева, на гладно.

Луце, доктор по медицински науки, препорачува чај од ајдучка трева кога „крвта пулсира во главата и имате силна болка, како да ќе ви прсне черепот, а покрај тоа имате вртоглавица, гадење, болка во очите и крварење од носот …“. Напад на мигрена предизвикан од промена на времето често поминува со само една чаша чај од ајдучка трева, топол, да се пие во голтки. Со редовна употреба на чајот, мигрената може да исчезне целосно.

За ајдучката трева се смета дека ги лекува сите болести и болки, па дури и онаму каде што другите лекови не помагаат. Преку својата прочистувачка моќ, тој ќе исфрли од телото голем број на болести кои се вкорениле во него со текот годините.

Не секој знае дека ајдучката трева дејствува директно и врз коскената срцевина и ја стимулира хематопоезата. Затоа, помага при болести на коскена срцевина кога другите лекови се немоќни. Оваа билка е добар хемостатски агенс, а во комбинација со коренот на каламус, да излекува рак на бели дробови.

За настинки, ‘рбетни болки или ревматски болки, треба да пиете многу чај од ајдучка трева, топол колку што може да се издржи. Чајот го стимулира правилното функционирање на бубрезите, ја елиминира анорексијата, ги отстранува грчевите во стомакот, нарушувања на црниот дроб, воспаление на гастроинтестиналниот тракт, ја зголемува активноста на цревата и со тоа помага редовно да се празни. Бидејќи исто така помага при нарушувања на циркулацијата и васкуларни конвулзии, се препорачува и за ангина пекторис.

Непријатното чешање интимните зони предизвикано од габична инфекција, се отстранува со плакнење и капење со екстракт од ајдучка трева. Од цветот на ајдучката трева може да се подготви многу добра маст за хемороиди. Танините и горчливите состојки на ајдучката трева ќе ви помогнат да се справите со подуениот стомак. За 1 чаша чај прелијте 1 лажица ајдучка трева со 150 мл врела вода. Поклопете 15 минути, процедете и пијте.

Осум одлични рецепти со ајдучка трева за плодност, јајници, астма, гастритис, бубрези

Ајдучката трева е самоника билка која е распространета од низините до планинските предели и може да се најде на ливади, покрај патишта, запуштени места и шумски чистинки.

Цветовите и листовите од оваа билка имаат бројни лековити својства. Се сушат на провев и на температура од 35 до 50 степени. Сувата билка може да се чува до една година. Сите билки кои се наведени во рецептите можете да ги купите од Билна аптека или од проверен билкар.

КЛАСИЧЕН ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА

2 лажички сув цвет и лист
200 мл вода

Билката прелијте ја со врела вода и поклопете. После 10 минути процедете. Возрасните треба да пијат една шолја наутро и една шолја пред спиење, а децата по една мала шолја во текот на денот.

ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ АСТМА

200 мл вода
50 г ајдучка трева
50 г лист од подбел
50 г цвет од лаванда
50 г лист од црн слез

Измешајте ги билките. Една лажичка од мешавината прелијте ја со врела вода, поклопете и оставете да излади. Се пие по 1-2 шолји дневно.

ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ ХЕМОРОИДИ

200 мл вода
4 лажици ајдучка трева
2 лажици цвет од дивизма
1 лажица лист од зимзелена

Измешајте ги билките. Една лажица од мешавината попарете ја со врела вода и поклопете. По 15 минути процедете, додадете мед и пијте трипати дневно пред оброк.

ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ЗА ЛЕКУВАЊЕ ЈАЈНИЦИ

200 мл вода
1 лажичка ајдучка трева
1 лажичка коприва
1 лажичка невен

мешавината прелијте ја со врела вода и поклопете. После два часа процедете. Најмалку 3 седмици да се пие по три шолји дневно. Покрај тоа да се користат тампони со кантарионово масло.

ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ЗА ПЛОДНОСТ

200 мл вода
1 лажичка ајдучка трева
1 лажичка вркута

Билките прелијте ги со врела вода, поклопете и оставете да излади. Засладете со мед и пијте трипати дневно.

ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ ОПСТИПАЦИЈА

500 мл вода
20 г цвет од ајдучка трева
20 г кора од крушина
20 г плод од сена
20 г камилица

Билките измешајте ги. Три лажици од мешавината прелијте ги со врела вода. Оставете поклопено цела ноќ. Следниот ден процедете и испијте го чајот (или наутро или навечер).

ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ ГАСТРИТИС

100 мл вода
20 г лист и цвет од ајдучка трева
20 г подубица
20 г ива трева
20 г мајчина душичка
20 г камилица

Билките измешајте ги. Една лажица од мешавината прелијте ја со врела вода. Оставете поклопено половина час, а потоа процедете и пијте трипати дневно половина час пред јадење.

ЧАЈ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА ПРОТИВ КАМЕН ВО БУБРЕГ

500 мл вода
20 г лист од ајдучка трева
20 г бреза
20 г мечкино грозје
1 грст пченкарна свила
1 грст петелки од вишни

Три лажици од мешавината прелијте со врела вода. Оставете цела ноќ да отстои. Следниот ден процедете и пијте наместо вода.

ЛИКЕР ОД АЈДУЧКА ТРЕВА

Осум гранчиња со цветови прелијте со половина литар ракија. Оставете затворена на светло, не премногу сончево место. После седум дена, во половина литар вода сварете седум лажици шеќер или мед, а добиениот сируп кога ќе излади помешајте го со процедената ракија во која стоеше билката.

ТИНКТУРА – најмногу се користи за проблеми со дигестивен систем и проблеми со варењето

Се берат цветови од ајдучка трева на сончево време, се полни тегла или шише до врвот и се прелива со житна ракија или овошна ракија со јачина од 38-40%. Се остава на топло 2-3 седмици по што се процедува. Се пие по една супена лажица наутро и навечер.

МАСТ за хемороиди, рецепт 1

Се загреваат 90 грама путер несолен или свинска маст, па се додава 15 грама свежи иситнет цвет од ајдучка треба и 15 грама ситно исечкан листови од малина. Се остава да зоврие и по 2-3 клуча се промешува и се трга на страна. Следниот ден повторно се загрева на тивко колку да се растопи, се процедува и се складира во соодветни садови. Се чува во фрижидер.

Бања за седење при хемороиди: 100 г ајдучка трева (цела билка) преку ноќ се остава во ладна вода, а следниот ден се загрева додека да зоврие. Се остава да излади и се користи како ладна седечка бања или се додава во водата за бањање

МАСТ за хемороиди, рецепт 2

Еднаква количина ајдучка трева и машки тегавец, околу 50 грама од секоја билка се меша со 500 г свинска маст. Се вари на тивко 10 минути и се остава да излади преку цела ноќ. Следниот ден повторно загрејте за да се растопи, процедете и складирајте во соодветни садови. Маста се чува на ладно и темно место.

Со маста се мачкаат надворешни хемороиди, повеќе пати во денот, а за внатрешни се прават чепови во калапчиња кои потоа се замрзнуваат.

МЕВЛЕМ ЗА ХЕМОРОИДИ ОД АЈДУЧКА ТРЕВА

Потребни состојки:

2 лажици ајдучка трева
2 лажици цвет од невен
4 лажици свинска маст

Постапка:

На лесен оган продинстајте неколку минути две лажици ајдучка трева и две лажици свежи невенови цветчиња, во четири лажици домашна свинска маст.

Оставете да преноќи па повторно подгрејте го колку маста да се растопи, па потоа процедете низ газа. Во процедената маст потоа додадете половина лажица пчелин восок и мешајте додека сето убаво да се спои.

Додека е топло складирајте во приготвени стаклени садови и чувајте на ладно место.

Лек за тумор на матка и јајници од ајдучка трева и невен

Мерка за еден ден: 250 мл чај.

Потребни состојки:

-цвет од невен
-цвет и лист од ајдучка трева
-шведска горчливка – напиток кој се купува од аптека

постапка:

Се мешаат еднакви делови цвет од невен и цвет и лист од ајдучка трева.

6 лажици мешавина (невен и ајдучка трева во еднакви делови) на 250 мл вода
3 х 1 лажица шведска горчливка (од аптека)

Упатство:

Чајот се пие по трипати на ден, по околу 85-90 мл, вкупно 250 мл за цел ден. Најдобро е да го пиете во мали голтки, секогаш свежо приготвен. Половина час пред оброк во малку чај се додава една лажица шведска горчливка и се пие малку по малку. Дневна доза е околу 250 мл чај и 3 лажици шведска горчливка.

Невенот се смета за природно лековито средство против рак. Дури и кога не е можна операција, се препорачува пиење на чај од невен во подолг временски период. Ајдучка трева е најдобра билка за жени и стомак. Се употребува за сите видови на тегоби поврзани со матката и јајниците.

Без разлика дали станува збор за воспаленија, цисти, проблеми поврзани со менструација, менопауза… Ајдучката трева има силно дејство и лекува долгогодишни гинеколошки проблеми. Кај тешки заболувања се препорачува чајот од ајдучка трева да се пие колку повеќе, колку што може да се поднесе.

И двете билки се познати по тоа што одлично ја чистат крвта. Шведската горчливка се смета за средство кое лекува рак и се користи без исклучоци кај сите заболувања.

Комбинацијата од овие две билки дава одлична комбинација за лекување на заболени јајници и матка. Без разлика дали станува збор за цисти, воспаленија или тумори, па дури и во поодминат стадиум на болеста, овој чај може да помогне.

Исто така, овој чај помага и при проблеми со дојките, односно се смета за средство кое сузбива рак на дојка. Во тој случај, во оваа чајна мешавина се додава и коприва.