Рецепт и видео прилог на Мои Домашни Рецепти: Пица бурек

Многу вкусно, сите ќе уживате, а толку лесно и едноставно се приготвува!

Потребни состојки:

2 јајца
200 мл јогурт
50 мл масло
1 лажичка сол
3 супени лажици брашно
10 г прашок за печиво
500 г готови кори за пита
доматен сос
чадено пилешко филе
печурки
кашкавал
25 минути на 200 степени

Постапка:

Изматете две јаца во подлабок сад и додадете 200 мл јогурт, 50 мл масло, една лажичка сол, 3 супени лажици брашно и една кесичка прашок за печиво. Смесата со маталка убаво соединете ја.

Отворете ги корите, ставете една кора на работна површина и премачкајте ја со 3 лажици од претходно приготвената смеса. Врз неа ставете втора кора, па и неа премачкајте ја со смесата преку цела површина.

Ставете трета и четврта кора и повторете ја постапката. Врз 5. Кора ставете околу 4 лажици доматен сос и премачкајте преку цела површина. Наредете 12 парчиња тенко сечена пилешка шунка/чадено пилешко филе, одозгора наросете печурки и 2-3 раце рендан кашкавал.

Внимателно корите свиткајте ги во ролат. Повторете ја постапката со останатите кори, а ролатите редете ги во намастен плех и одозгора премачкајте ги со остатокот од филот. Ставете да се печат во претходно загреана рерна на 200 степени, околу 25 минути. Деталите од постапката може да ги погледнете во видеото:

https://youtu.be/ZFRDiEGku_k