Ако претходно не сте изеле некое овошје, а здивот ви мириса на овошје, би требало да го исконтролирате нивото на шеќерот во крвта.
“Станува збор за дијабетичка кетоза која се случува кога во телото има недоволно инсулин, па поради тоа расте нивото на шеќерот во крвта”, објаснува д-р Роберт Габај од Институтот за дијабетес во Бостон.
Здивот кој мириса на овошје почесто се среќава кај лицата кои боледуваат од дијабетес тип 1 отколку кај оние кои имаат дијабетес тип 2.
Дијабетичката кетоза доаѓа заедно со други симптоми како што се: несвестица, заматен вид и необјасниво слабеење.
СМРДЛИВИ СТАПАЛА
Ако стапалата многу силно ви смрдат кога ќе ги соблечете обувките, можеби за тоа е виновник некоја габична инфекција. Ако забележите дека кожата околу прстите ви е сува, на некои места црвенкаста и имате меурчиња, веројатно станува збор за атлетско стапало.
“Исто така, стапалата го имаат тој непријатен мирис поради комбинација од бактерии и габички кои ја уништуваат кожата на прстите”, вели професорот Камерон Рохсар, клинички професор и доктор по дерматологија од Њујорк.
“Доколку го имате овој проблем, немојте ни случајно да се почешате, бидејќи габичките ќе ги пренесете на останатите делови од телото. Ако го игнорирате атлетското стапало, кожата помеѓу прстите ќе стане премногу мека и влажна, по што ќе се размножуваат уште повеќе бактерии”, вели д-р Рохсар и додава дека тоа може да предизвика компликации.
За да се спречи појава на атлетско стапало, експертите препорачуваат да се нанесува бебешка пудра за да се спречи прекумерното потење на стапалата.
ПРЕТЕРАНО СМРДЛИВА СТОЛИЦА
Да се разбереме, ниедна столица не мириса на цвеќе, но еве на што треба да се обрати внимание.
“Кога тенкото црево не произведува доволно ензими кои се нарекуваат лактаза, тогаш лактозата (шеќерот кој се наоѓа во млечните производи) тешко ќе се дигестира”, вели Рајан Унарго, доктор и професот по гастроентерологија од Њујорк.
Тогаш тенкото црево лактозата ја испраќа директно во дебелото црево наместо во крвотокот, каде ја ферментираат бактерии кои инаку се наоѓаат во желудникот. Тоа може да предизвика дијареа, подуеност, многу смрдлива столица и гасови.
Покрај тоа, уште некои симптоми за интолеранција на глукоза се: грчеви на стомак, мачнина, повраќање, а варираат од лице до лице.
Д-р Унарго советува да обратите внимание на столицата откако ќе пиете млеко. Ако тогаш е особено смрдлива, би требало да посетите лекар.
УРИНА СО МНОГУ СИЛЕН МИРИС
“Инфекција на уринарниот тракт може да предизвика силен мирис на урината, кој потсетува на некои хемикалии”, велу урологот Јамин Брамбат од Орландо.
Најчесто се случува поради продирање на некои бактерии (најчесто Е.коли) во уринарниот тракт и уретрата, а потоа и во мочниот меур со што предизвикуваат инфекција.
Уринарните инфекции кај жените се многу почести отколку кај мажите, токму поради уретрата, каналот кој го празни меурот, а кој кај жените е пократок. Ако забележите необично силен мирис на урината, обратете се на лекар.
НЕПРИЈАТЕН ЗДИВ
Непријатниот утрински здив, па дури и ако редовно ги миете забите, може да биде знак дека имате апнеа – пореметување кое доведува до повремен прекин во дишењето во текот на спиењето.
“Апнеата може да предизвика ‘рчење и ве тера да дишете на уста преку ноќта. Тоа може да исуши вашата уста, што е честа причина за непријатен здив”, вели д-р Рај Даскупта, професор по клиничка медицина од Калифорнија.
Кога устата ви е отворена додека спиете, бактериите полесно доспеваат внатре, а кога тие ќе се намножат, произведуваат непријатен мирис, сличен на мирис од расипани јајца.
Ако покрај лошиот здив во текот на денот чувствувате и поспаност, тогаш закажете преглед на доктор зошто многу е важно апнејата да се дијагностицира навремено. Може да биде поврзана со дијабетес, висок крвен притисок и срцеви болести.