Рецепт и видео прилог на Кујна Саби – Банана шнити.
Напомена: На почетокот од видеото погрешно кажав пудинг од ванила, а треба пудинг од банана. Кората се пече во плех со димензии 38х27 см или приближна големина, на 200 степени – 10-тина минути. Може да се филува слободно на чинија за послужување без калап, нема да ви се растече, филот е цврст.
Потребни состојки: 4 јајца, 5 лажици шеќер (100 г шеќер), 4 лажици мелени ореви, 1 лажица какао, 3 лажици брашно, 1 лажичка прашок за печиво. За фил: 1 литар млеко, 3 пудинг од банана, 4 лажици густин, 1 лажица екстракт од банана, 8 лажици шеќер (150 г шеќер), 250 г путер, 100 г чоколадо и 4 банани
За глазура: 70 г чоколадо и 35 г путер. Постапка: Најпрво се приготвува пудингот зошто треба да се лади. Од литар одземете околу 200 мл за да го растворите пудингот и густинот, а остатокот ставете го на оган заедно со шеќерот.
Кога ќе зоврие млекото намалете ја температурата и постепено со посотјано мешање додадете го разматениот пудинг и варете додека да згусне. Потоа покријте го со проѕирна фолија и оставете го целосно да излади. Потоа пенасто изматете го путерот.
Па, постепено додадете го изладениот пудинг додека убаво да се соедини. Во кремот додадете екстракт од банана и поделете го на два дела. Во едниот дел додадете растоепно чоколадо и соединете го. За кора: Одвојте ги белките и пенасто изматете ги со половина шеќер.
Жолчките исто така посебно изматете ги со другата половина од шеќерот. Снегот од белки додадете го во изматените жолчки, па во смесата додадете ги и останатите состојки. Промешајте со лажица или шпатула додека да добиете мазна кремаста структура.
Смесата излејте ја во плех 38х27 см обложен со хартија и печете во загреана рерна на 200 степени околу 10-тина минути. Печената кора оставете ја да излади, а потоа пресечете ја на две долги кори.
Редење: кора – тенок слој чоколаден фил, наредете 4 банани и врз нив остатокот од чоколадниот фил – кора – жолт фил – чоколадна глазура. За чоколадна глазура: на тивок оган растопете го чоколадото со малку путер. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: