Освен на своето тело, Бернард работел и на тоа, до последниот ден и мозокот да му остане во форма!
Светската здравствена организација соопшти дека просечниот животен век е 72 години. Меѓутоа, тоа ни се чини некако малку, со оглед на тоа што повеќето луѓе сакаат да живеат колку што е можно подолго.
Доколку сакате да ги поминете тие критични 70-ти, ви советуваме навремено да увидите што е она што позитивно, а што негативно влијае врз вашето здравје.
А можеби ќе ви помогне и тајната на долговечноста на еден човек кој доживеал 114 години: Бернардо Лапало е роден 1901 година, а умрел 2015 година. Тој сметал дека причината за неговата долговечност е токму здравата исхрана.
“Луѓето ме прашуваат: Што правиш што изгледаш толку младолико? А јас им одговарам: Ја знаете онаа изрека – ти си она што го јадеш?!” – вели Бернардо. Неговото секојдневно мени се состоело од свежо органски произведено овошје и зеленчук. Меѓутоа, постојат 5 вида храна за кои тој верува дека се тајната на долговечноста.
КРАЛ НА ЗАЧИНИТЕ – ЦИМЕТ
Циметот не е само вкусен и мирисен зачин. Тој е познат и по своите лековити својства. Помага во борбата против канцер, болести на срцето, како и бактериски и габични инфекции. Циметот е толку силен што може да помогне и во борбата против ХИВ вирусот.
ДАР ОД БОГ- ЧОКОЛАДОТО
Консумирањето на чоколадо може да придонесе за подобра работа на срцето. Чоколадото го намалува холестеролот, а ни помага и да се ослободиме од стресот. Доколку сакате да се опуштите и да уживате, никогаш не се откажувајте од чоколадото. Меѓутоа, златно правило во животот е во ништо да не претерувате, па ни во консумирањето на чоколадото.
ПРИРОДЕН АНТИБИОТИК – ЛУК
Лукот е познат како одличен борец против деменција, Алцхајмерова болест, срцев удар, прави детокс на телото, но исто така, спречува и разни видови на болести. Дури и светски признати лекари велат дека лукот е природен антибиотик и советуваат секојдневно да се користи во исхраната.
ЛЕК ЗА СИТЕ БОЛЕСТИ – МЕД
Пчелите ни направиле лек кој успешно опстојува преку 5000 години. Медот е познат како антисептик и антиоксидант, па како лек се користи во антибактериски цели. Медот се користи и во козметички цели.
МАСЛО НА ЖИВОТОТ- МАСЛИНОВО МАСЛО
Експертите велат дека екстра девственото маслиново масло е одлично за здравјето. Богато е со здрави масти кои го хранат нашиот мозок и помагаат во сочувување на здравото срце. Маслиновото масло спречува дијабетес тип 2, но и рак.
ДРУГИ СОВЕТИ ОД БЕРНАРД ЛАПАЛО
Бернард тврдел дека никогаш во животот не бил болен. За да остане здрав се придржувал до советите на својот татко: Ми рече да не јадам црвено месо. Никогаш не јадев брза храна, помфрит и такви работи.
Бернард пешачел секој ден, играл “дама” и решавал “пазли”. Тоа му помогнало да го одржува мозокот во кондиција до последниот ден. “Памтам работи кои татко ми ми’ ги раскажуваше уште кога имав осум години”, раскажувал Бернард.