Фото и рецепт: Аида Мујачиќ
Еве уште ден необичен рецепт со кадаиф кој е сув и може да се купи речиси во сите поголеми супермаркети и на пазарите. Потребно е само да се искрши.
Потребни состојки:
250 г сув кадаиф
350 г мелени ореви
500 г таан алва
250 г путер
500 г готови кори за баклава
За шербет:
1 кг вода
1 кг шеќер
1 лимон
Постапка:
Најпрво пригответе го шербетот за да има време да излади. Шеќерот и водата ставете ги на оган да се вари додека да се растопи околу 10-тина минути, па пред крајот додадете лимон исечен на тркалца. Тргнете на страна да со олади.
Кадаифот добро искршете го и иситнете го, додадете издробена алва и мелени ореви, па убаво промешајте да добиете изедначена смеса.
Путерот растопете го. Отворете една кора, наросете ја со растопен путер. Поклопете со втор лист, а врз него ставете фил на едниот крај. Свиткајте во ролат.
Вака приготвените ролни-баклава редете ги во плех од рерна и повторувајте ја постапката додека да ви се потрошат состојките.
Пресечете ја баклавата и прелијте ја со остатокот од путерот, па ставете да се пече во загреана рерна на 180 степени околу половина час, или прилагодете според вашата рерна. Печената баклава додека е топла прелијте ја со изладениот шербет.
Фото и рецепт: Аида Мујачиќ