Тестото буквално се приготвува за многу кратко време. Многу е еластично и од него може да се приготвуваат најразлични печива со различна форма.
Потребни состојки:
200 мл млака вода + 200 мл топла вода
500-550 г брашно
2,5 лажички сув квасец
1 лажичка сол
1 лажица шеќер
2-3 лажици растително масло
Постапка:
Во топла вода растворете го квасецот со шеќерот. Во половина од просеаното брашно направете вдлабнување, па додадете ја чашата млака вода со растворениот квасец и шеќер. Додадете масло и сол.
Постепено додавајте го остатокот од брашното и месете со рака, а на крај домесете го на работна површина. Треба да добиете средно меко, еластично и мазно тесто кое не се лепи на рака.
Тестото е доста еластично и лесно за изработка, веднаш од него можете да си направите пирошки (како што е прикажано во видеото подолу). Кинете мали парчиња од тестото, развлечете кори, полнете ги со фил по желба и пржете ги во умерено загреано масло.
Остатокот од тестото завиткајте го во малку наместена кеса и чувајте го во фрижидер до една седмица. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: