Питата е многу вкусна и едноставна за приготвување, а можете да ја правите по посна или масна варијанта, во зависност од тоа дали ќе користите путер или маргарин.

Чашата која ја користите за мерење на сувите состојки е од 200 мл. Целата постапка можете да ја погледнете во видеото под пишаниот рецепт.

Потребни состојки:

2 чаши брашно
2 чаши пченичен гриз
2 чаши шеќер
1 прашок за печиво
1 ванилин шеќер

за фил:

1-1,5 кг јаболка
1 ванилин шеќер
цимет по вкус
½ чаша шеќер
и уште ќе ви биде потребно: 150 г путер или маргарин
чашата што се користи за мерење е од 200 мл.

Постапка:

Сите состојки за тестото помешајте ги во едно (брашно, гриз, шеќер, прашок за печиво, ванилин шеќер), а потоа смесата поделете ја на три еднакви делаови.

Јаболката измијте ги, излупете ги и исчистете ги од семки, па потоа изрендајте ги. Помешајте ги со шеќерот и ванилата, а цимет додадете по вкус. И оваа смеса, исто така поделете ја на два еднакви дела.

Тепсијата во која ќе го печете колачот намастете ја со путер или маргарин. Потоа редете: суви состојки па фил, суви состојки – фил и завршете со суви состојки. Одозгора изрендајте путер или исечете го на тенки листови и распоредете го рамномерно.

Колачот печете во загреана рерна околу 45 минути на 180 степени.

Сите детали околу подготовката можете да ги погледнете во видеото: