Кремаст и лесен колач за кој сите ќе ви побараат уште едно парче.
Потребни состојки: 2 јајца, 6 лажици шеќер, 1 ванилин шеќер, 6 лажици брашно, 2 лажици густин, 600 мл млеко, 125 г путер или маргарин, 3 банани (вкупно 500-600 г), малку лимонов сок, 100 мл млако млеко за натопување на кексите, 160 г плазма – 21 кекс, 200 мл слатка павлака и малку ореви и сечкани чоколатца за декорација
Постапка: Во подлабок сад изматете ги двете јајца со 6 лажици шеќер и 1 кесичка ванилин шеќер. Матете со жица додека да се растопи малку шеќерот, па додадете 6 лажици брашно и 2 лажици густин.
Убаво изедначете ја смесата да нема грутчиња. Полека додавајте 600 мл млеко и загревајте на тивок оган со постојано мешање додека да се згусне како пудинг. Покријте го кремот со проѕирна фолија и оставете го целосно да се олади.
Изладениот крем изматете го со миксер за да добие фина структура. Во кремот додадете 125 г путер омекнат на собна температура, па изматете убаво да се соединат состојките.
Бананите излупете ги и премачкајте ги со малку лимонов сок за да не поцрнат. Калап со димензии 30х12 см (за леб) обложете го со проѕирна фолија, па на дното народете 9 кекси претходно малку натопени во млакото млеко.
Врз нив рамномерно распоредете половина од филот околу 8 супени лажици и израмнете. Наредете ги бананите и со кремот пополнете ги празнините и одозгора нанесете го остатокот.
Нанесете втор ред кекси, исто така, претходно малку натопени во млако млеко. Вака приготвениот колач оставете го да се стегне во фрижидер, најдобро преку цела ноќ. Изладениот колач превртете го врз тацна и отстранете ја фолијата. На страна изматете 200 мл слатка павлака, па со шлагот декорирајте. Деталите можете да ги погледнете во видеото: