Запишете си го некаде овој рецепт кој ја смирува кашлицата, го олеснува дишењето и ја исфрла лепливата и густа слуз од белите дробови.

Доцна лето и почеток на есента може да бидат страшни за луѓето со кои се борат со алергии. Додадете го кон тоа и пушењето како и загадениот воздух, па ќе имате бели дробови кои навистина се мачат се дојдат до здив.

Телото на сето тоа реагира со тешко кашлање, бидејќи контракциите на белодробниот кош се единствениот начин со кој организмот се обидува да ја исфрли насобрана, леплива слуз.

Еве што вели д-р Меркола од клиниката Мајо:

“Кашлицата се смета за акутна ако трае помалку од три седмици. За “хронична” се смета ако трае подолго од 8 седмици (4 седмици кога станува збор за деца).

Причини за акутна кашлица може да бидат: стид, грип, дразби од воздухот, воспаление на белите дробови, голема кашлица.

Причини за хронична кашлица: алергија, астма, бронхитис, гастроезофагеална фелуксна болест.

Иако причините за кашлица се различни, самата кашлица се јавува за да ја исфрли слузта од телото. Тоа е единствениот одбранбен механизам на вашето тело осмислен за да го олесни дишењето. Понекогаш е лесно да се открие причината поради која кашлате, а некогаш тоа едноставно останува мистерија.”

Кога ќе дојде до кашлица, најдобро би било да се посоветувате со вашиот лекар или да го пробате овој познат народен лек:

Потребни состојки:

2 зрели банани
2 лажици сиров мед
400 мл вода

Постапка:

Ставете водата да зоврие. Бананите изгмечете ги и додадете ги во водата. Оставете на страна околу половина час, смесата да се подизлади.

Додадете мед и добро промешајте за тој да се раствори. Секој ден пијте по 100 мл од овој напиток дневно. Загрејте го малку пред секоја употреба. Бананите ќе ги ублажат симптомите од кашлицата, но ќе ви помогнат да имате и помирен сон.