Аспиринот или ацетисал (старо име за антипиретик) содржи салицилна киселина и служи за подобра конзервација на зеленчукот. Секако, може и без нив ако се пастеризираат теглите или ако се додаде конзерванс.
Потребни состојки: 2 кг зелка исечкана на средни коцки, 1 главица поголема исечкана на цветчиња, 700 г моркови исечкани на тркалца, 1 кг црвени пиперки исечкани на коцки, 5 страка целер лист, крупно исечен, по 4 лажици бел оцет 9% за секоја тегла, по 1 лажица шеќер за секоја тегла, по 1 лажица сол за секоја тегла, по 2 апчиња аспирин за секоја тегла и зовриена вода за дополнување на теглите
Постапка: Зеленчукот убаво измијте го под млаз ладна водат и оставете го да се исцеди. Една поголема главица зелка од 2 кг исчистете ја од надворешните листови и отстранете и го тврдиот кочан. Потоа исечкајте ја на коцки приближно 1х1 см.
Карфиолот откако ќе го измиете отстранете му ги тврдите делови и исечкајте го на цветчиња со средна величина. Морковите исчистете ги и исечете ги на тркалца со големина по ваша желба.
Пиперките исчистете ги од семето и петелките, па и нив исечете ги на коцки, а листовите од целер може да ги искинете или исечете покрупно.
Стаклените тегли стерилизирајте ги во рерна на 90-100 степени околу половина час, па откако ќе изладат започнете да ги полните со зеленчукот. Во секоја тегла ставајте по една рака од секој зеленчук (или можете истиот претходно да го измешате во голем сад).
Во секоја тегла ставете 4 лажици бел оцет 9%, по една лажица сол и шеќер, како и две апчиња аспирин. Прелијте со врела вода одозгора да се прекрие зеленчукот до горе и веднаш затворете ја теглата со метален капак.
Теглата преврете ја наопаку, а после 10-тина минути превртете ја уште неколку пати за да се растопат таблетите. Уште подобро ако аспиринот претходно го изгмечете во прав. Деталите од постапката можете да ги погледнете во видеото: