Во рекорден рок ублажува бројни здравствени тегоби. Во народната медицина рибизлата е позната како лек кој го зајакнува, го чисти и го разубавува телото.
Без разлика дали станува збор за црвена или црна, таа е богат извор на витамин Ц, а покрај тоа содржи и протеини, јаболкова, цитрусна и тартарична киселина и гама-линолна киселина и гама-линолна киселина.
Богата е со калциум и фосфор. Изобилува со витамини од Б групата (Б1, Б2, Б3 и Б6), Ц, А и К. Црвената рибизла е одличен извор на антиоксиданти и минерали кои го подобруваат квалитетот на кожата и косата.
Помага во детоксикација на телото и така ја зголемува отпорноста на организмот од болести. Содржи витамин Ц, како и железо кои помагаат кај анемија. Витаминот Ц има и антихистамински својства кои го намалуваат дејството на алергените, штитат од бактерии и вируси и ги олеснуваат тегобите од астма.
Еве кои све здравствени тегоби може да ги излекува црвената рибизла:
ГИ ШТИТИ КРВНИТЕ САДОВИ
Рибизлата содржи калиум кој е многу важен за здравјето на срцето и квалитетната работа на целиот организам. Делува превентивно врз хипертензија, го намалува крвниот притисок и помага во намалување на ризикот од мозочен удар.
Има значителна количина од витаминот К кој е задолжен за одржување на здравјето на коските, бидејќи го регулира калциумот во коските, па се препорачува и кај остеопороза.
ЈА ПОДОБРУВА РАБОТАТА НА ДИГЕСТИВНИОТ ТРАКТ
Без разлика дали се јадат свежи бобинките или во облик на сок, рибизлите имаат одлично лаксативно дејство. Ако се консумира само неколку денови по ред, проблемот со запек исчезнува.
ЛЕКОВИТИ СВОЈСТВА ОД ЧАЈОТ ОД РИБИЗЛА:
Широка примена имаат и листовите од рибизлата кои помагаат во лекување на црн дроб и крвни садови.
Покрај тоа, чајот од листовите помага во случај на висок крвен притисок и воспаление на мочниот меур. Во лековити цели се користи и корен од црвена рибизла како лек против воспаление на бубрезите.
ГО ИЗЕДНАЧУВА ТЕНОТ И НАМАЛУВА ВОСПАЛЕНИЈА НА КОЖА
Црвената рибизла помага во намалување на кожните воспаленија, па се препорачува на лица кои имаат проблем со акни и други кожни заболувања.
ГО ЈАКНЕ ИМУНИТЕТОТ ДО МАКСИМУМ
Изобилува со витамин Ц, па само еден грст рибизла дневно се доволни за му обезбеди на телото дозолно енергија и да го зајакне имунолошкиот систем до максимум.
ВО СЛЕДНИТЕ СЛУЧАИ ЦРНАТА РИБИЗЛА Е МОЌНА:
Содржи доста природен пигмент антоцијанин кој на рибизлите им ја дава бојата. Антоцијанинот се смета за еден од најмоќните природни антиоксиданти.
Исто така, богата е со танани и затоа е ефикасна во случај на дијареа. Покрај танини, содржи и бројни други горчливи материи кои имаат исклучително поволен ефект врз здравјето. Истражувањата покажале дека црната рибизла успешно го спречува растот на малигните клетки во организмот.