Во овој период од исклучителна важност е да му се посветиме на здравјето.

Редовниот внес на витамини и минерали во доволни количини, е многу важно за здравјето на целиот организам, а во овој период кога ни се закануваат разни вируси, особено е важно.

Најдобриот начин во организмот да се внесе сè што му е потребно на организмот за да може правилно да функционира – е преку храната.

Оваа салата ќе го зајакне имунолошкиот систем максимално, а телото ќе биде отпорно на сите болести.

Потребни состојки:

1 главица сирово цвекло со средна величина
¼ свежа зелка
2 моркови со средна величина
јаболкова киселина по вкус
маслиново масло, најдобро ладно цедено, девствено
морска или хималајска сол по вкус

Постапка:

Цвеклото и морковот добро измијте ги со ладна вода и исчистете ги. На најситното ренде изрендајте ги цвеклото и морковот.

Зелката многу ситно исечкајте ја или и неа изрендајте ја, исто така. Сите состојки добро промешајте ги и зачинете ги со оцет, масло и сол.

Салатата е најдобро да се јаде наместо вечера.