Искуство на наша читателка: “Трпев огромни болки поради каменот во бубрег и само водата од просо ме спаси. Каменот ми беше заглавен во каналите, па поради тоа морав да пијам и антибиотик. Мојата терапија траеше 20 дена и кога конечно го исфрлив каменот, не можев да верувам колку е голем.
РЕЦЕПТ: Една супена лажица просо се прелива со 200 мл зовриена вода и се остава да кисне. Се приготвува одвечер, па утрото, следниот ден малку се промешува и се пие само течноста. Веднаш штом се испие утринската доза, се приготвува нова доза која се пие навечер пред спиење. И така, постојано додека да се исфрли песокта или каменот. Кај мене ова траеше 20 дена. Значи, дневната доза е две чаши, една наутро и една навечер.
Линк до студијата – ОВДЕ. Повеќе за просото можете да прочитате подолу во текстот, а доколку имате каков вид на заболување со бубрезите, пред примена на водата од просо, задолжително да се советувате со лекар.
Евтина житарица која бубрезите ја сакаат, а телото ужива во неа
Оваа евтина житарица може да се купи во сите продавници за здрава храна, а бидејќи се користи како лек, треба да се купи што поквалитетна, по можност органска.
Најевтиниот и најделотворниот лек за сите оние кои имаат проблеми со бубрезите е просото. Ова моќно зрно има способност за само две седмици да ги реши сите проблеми со бубрезите: го исфрла песокот и ги елиминира инфекциите.
Меѓутоа, просото е одлична храна и за анемичните лица. А добра намирница е и за сите оние кои ги мачи артритис.
До скоро време се мислеше дека просото е храна за сиромашните, која треба да им се дава на птиците, но ова мало зрнце Словените го јаделе многу поодамна, уште пред да стигне пченката во Европа.
Претставува одличен напиток за бубрезите. Навечер ставете 200 г просо во подлабок сад и прелијте го со 2 литри вода.
Следниот ден, утрото процедете ја заматената вода која просото не ја впило. Оваа вода се пие како лек во текот на целиот ден, по можност целата или во количина која му годи на нашето тело.
После две седмици редовно пиење на ваквата вода добиена од просото, бубрезите би требало да бидат неспоредливо подобри, регенерирани и без воспаленија и без песок во нив.
Просото исто така е добро да се јаде за појадок. Натопеното просо не треба да се фрла, туку да се направи каша за појадок која е одлична за сите оние кои ги мачи гастритис.
Рецепт: просото се става во тенџере и се прелива со вода колку да биде покриено, па се става на офан да се вари околу 15 минути. На кашата може да и додадете малку сол за да биде солена, но може да се стави лажиче мед и путер, па да се јаде како слатко јадење.
Исто така, одлична е и како каша за анемичари. Во 100 г просо има 7 г железо, па се користи исто така, и како превенција од анемија. Натопеното просо се вари во соино млеко, па се додаваат 7 бадеми. Може да бидат цели или мелени. Додадете и малку вишни или брусници (свежи или суви), како и сок од цеден портокал.
Просото може да се јаде и како прилог со главното јадење, сервирано со сечкан магдонос и прелиено со сос.
Слатка каша: 6 лажици натопено просо сварете ги во малку вода, па додадете половина сечкано јаболко. За вкус додадете цимет и ванилин шеќер. Кога ќе се згусне, тргнете го од оган па додадете две лажици ленено семе и малку брусница или друго суво овошје.
Класично приготвување: просото се мие, па на 1 шолја просо се додаваат 3 шолји вода. Се вари на највисока температура само додека да зоврие, а потоа се намалува огнот. Се додава прстофат сол и се вари околу 15 минути. За каша се додава повеќе вода и се вари подолго време.