За здрав и квалитетен живот многу е важно како ќе го започнете денот. Многумина пијат топла вода со лимон во утринските часови, но со тој начин не можат да ги искористат сите капацитети кои лимонот ги нуди.
Со пиењето на топла или ладна вода со лимонада ние го добиваме витаминот Ц, но не можеме да ги искористиме некои од важните состојки кои се наоѓаат во пулпата и кората од лимонот.
Тие што го пробале овој начин на приготвување се пријатно изненадени од ефектите кои видно се забележуваат за само два дена од започнувањето на консумирањето.
Потребни состојки: 6 лимони, 500-600 мл вода, мед (по вкус, не е задолжителна состојка)
Постапка: Одберете 6 органски лимони, а доколку не се, тогаш истретирајте ги со сода бикарбона за да се елиминира од нив нечистотијата.
Потоа исечете ги на половина и додадете го во сад со вода, па варете ги 3 минути од моментот на зовривање.
Оставете го садот 15-тина минути да излади, а потоа процедете го. Течноста складирајте ја во термос или во стаклени шишиња, во фрижидер. За подобрување на вкусот може да додадете мед по вкус.
Предност од консумирање на овој напиток се: го јакне имунолошкиот систем, штити од настинки, поттикнува енергија за цел ден, ја подобрува перисталтиката и празнењето на цревата, го забрзува метаболизмот, ја балансира рН вредноста,
Потоа, консумацијата на овој напиток исто така, го освежува здивот, ја чисти вашата кожа и ја прави поубава, помага да ослабете и да се ослободите од вишокот килограми, го хидратизира вашиот лимфен систем
Совет: не мора да го подгревате напитокот секое утро доколку го чувате во фрижидер. Преку денот може да го пиете како освежителен леден чај, а дозата наутро (една чаша) се препорачува да биде барем млак.