Доктор Пауло Мартинс работи во болницата во Сао Пауло во Бразил и многумина од неговите пациенти се презадоволни од него и постојано го фалат.

За еден негов пациент може да се каже дека е негов најголем фан. Тоа е Софија Ромао Буено (17 месеци) која боледува од ретко имунолошко пореметување.

Поради својата болест ова мало девојче е принудено постојано да престојува во болница.

За цела среќа, за неа се грижи доктор мартинс. Тој знае како да им го разубави денот на своите пациенти, па меѓу другото, тој им свири како еден вид терапија.

Еден ден ја понел својата гитара со себе, а кога го слушната малата Софија, веднаш почнала да танцува.

За само неколку секунди таа станала негов најголем фан.

Да се надеваме дека ова мало дете во своите сеќавања ќе ги задржи само ваквите убави моменти.

https://rumble.com/v36mvl-doctor-plays-ukulele-for-a-young-cancer-patient.html