Богато е со протеини и омега 3 масни киселини, па го „чува“ здравјето на артериите, го спречува таложењето на масните наслаги на струкот и е одличен извор на енергија за децата.
Магарешкото млеко било тајна за совршениот тен на славната Клеопатра, но и денес се наоѓа на врвот ос листата на најскапите намирници во светот кои се користат за здравје и убавина.
Поради присуството на бројни витамини и минерали, особено на омега 3 масни киселини и калциум, магарешкото млеко е одлично за здравјето на срцето, ја одржува енергијата и спречува таложење на масни наслаги особено на стомакот.
Поради богатството од протеини, млекото од магаре е одлична алтернатива за кравјото млеко. Поради ниската количина на масти, го намалува нивото на маснотии во крвта кои можат да ги оштетат артериите и срцето.
Освен тоа, млекото од магаре се советува на сите кои се алергични на кравјо млеко, а особено е добро за децата поради високите енергетски вредности.
-Мојот настар син кој се школува во сараево доби неподносливо силна кашлица и на крајот беше сместен во клиниката каде помина 21 ден.
Меѓутоа, сите наоди беа уредни а на крајот докторите започнаа да му даваат седативи за да го смират, бидејќи од кашлицата никако не можеше да спие. Во сета таа неволја започнав да барам лек од природата и народната медицина.
Наидов на приказна за магарешко млеко, како лек за кашлица и имунитет. Во почетокот купив само еден литар. Пиеше по 100 мл дневно и после шест дена моето дете кашлаше за 70% помалку!
После 11 дена пиење на магарешко млеко, тој престана да кашла и му се врати на нормалниот живот “– вели Џиндо кој денес чува неколку магариња на својот имот.
Изгледот на млекото
Млекото од магаре е со изразита бела боја, ретка конзистенција и сладок вкус. Малиот волумен на вимето на магарето бара често молзење. Во споредба со кравјото млеко, млекото од магаре содржи поголема вредност за лактозата, помалку за протеини и млечни масти и има малку бета-лактоглобулин.
Магарешкото млеко – тајна за долговечност?
Така тврди едно семејство од Еквадор кое наводно, досега ја криело тајната. Како доказ се посочува жената Естер де Каповила која починала 116 години, а која цел живот пиела вакво млеко.
Магарешкото млеко во споредба со кравјото содржи многу помало количество масти. Односно 100 грама свежо млеко од магаре има само 0.6 грама масти во споредба со 3,7 грама на иста количина кравјо млеко.
Што се однесува до протеините, магарешкото млеко има помалку казеин, а 1,72 грама протеини има во 100 грама.
Елизабета Салимеи од „Universitа degli Studi del Molise“, Италија, вели дека магарешкот млеко е најблиско со човечкото. Многу се ретки случаите за алергија на новороденчиња од ова млеко. Млекото е богато со калциум, витамин А, Д, Е и Ц (има 60 пати повеќе од кравјото млеко).
На пазарот магарешкото млеко се продава во пакет од 28 шишенца од по 20 милилитри. Се пијат едно дневно за подобрување на системот за варење.
Кај нас одамна е позната употребата на млекото од магарица во зимските месеци како лек за сува кашлица.
-Магарешкото млеко сега е на цена, бидејќи годишно од една магарица можете да добиете 12 до 14 литри млеко, од што 60% оди за младенчето, па така вие располагате со само 6 литри годишно. –објаснува Џиндо.
Инаку, јас сум невработен. Живеам од 160 КМ детски додаток, кој во февруари го добив за јуни минатата година. Но за среќа, сега можам добро да заработам и веќе имам редовни муштерии кои го купуваат млекото.
Иако литар магарешко млеко некои го продаваат за 100 евра, јас своето го продавам за 100 КМ. Значи, 100 мл се 10 КМ – вели Џиндо, додавајќи дека дневно продава по 200-300 мл млеко.
Тој одлучил да се посвети на одгледување на магарици, бидејќи освен профитабилност, може да им помогне на луѓе во неволја.