Прочитајте ја приказната на Дарко Стојаковиќ од Белград за неговата борба и победата над ракот на белите дробови.

Кога ќе го погледнете, неговото лице остава впечаток на здрав, полетен и ведар човек полн со енергија. Не можете да забележите ни најмали траги од неговата борба за живот која траела полни четири години.

Во 2007 година му бил откриен рак на бели дробови, кога имал само дваесет и седум години. Оттогаш започнала неговата борба која на крајот, за среќа, ја добил. Сега секојдневно ги советува луѓето кои се соочуваат со ракот и им помага да го победат.

После сознанието дека боледува од тешка болест, Дарко морал да ја напушти работата, тргнал на хемотерапија, а за лекувањето биле потребни многу пари.

Се натрупувале проблеми, но тој не се откажувал. Почнал да се информира за болеста, да чита и да се советува со други пациенти.

-Првото чувство кога ќе дознаете дека боледувате од рак се страв и немоќ. Кога ќе ја добиете дијагнозата, единствено што не смеете да си дозволите себеси е да лежите.

Веднаш тргнав во борба и сосем случајно при еден преглед, токму во текот на хемотерапијата, во чекалната запознав една жена која се излекувала со промена на начинот на исхрана и што е најважно, со верба во себеси.

Оваа жена толку многу ми влијаеше и ми влеа надеж во излекувањето, а сега истото и јас сакам да им го пренесам на другите – вели Стојаковиќ.

Дарко советува заболените да го започнат својот ден со вежби за раздвижување на циркулацијата на крвта и подобра исхранетост на ткивата со кислород.

Потоа, откако ќе се развижи телото со физичка активност, да се примени детокс третманот со жабуркање на масло во устата. На овој начин, вели Дарко, се уништуваат токсините и се прочистува телото (во времетраење од 10-тина минути, во устата се жабурка со малку нерафинирано масло кое има својство да ги апсорбира токсините. Маслото на крај станува густо и може да побели, па не смее да се проголта туку се исплукува, а устата се плакне).

Во текот на целиот ден дарко препорачува да се пијат свежо цедени сокови од овошје и зеленчук и да ја прилагодат својата исхрама, односно да ги исфрлат штетните намирници и поздраво да се хранат.

-Најважно е луѓето прво да се смират и да им се даде поттик, да веруваат во себеси и во излекувањето. Приготвувањето на соковите и другите природни препарати трае два до три часа секој ден, но јас уживав додека ги приготвував.

Она што им го советувам на луѓето е да се внесува здрава храна, како и доста течности. Во текот на лекувањето, токму за време на хемотерапијата, започнав да пијам сурутка и чаеви, внесував по пет литри вода дневно во организмот.

Наутро појадував само овошје и евентуално овесни снегулки, за ручек исклучиво свеж зеленчук, а месото го заменив со печурки (освен шампињони) и соја, а вечерата ја прескокнував, па истото им го советувам на сите – раскажува Стојаковиќ.

Сопругата на Дарко, Марина раскажува дека животот на целото семејство се променил од корен откако Дарко се разболел. Сите се насочиле кон него и започнале да произведуваат здрава храна на својот имот.

-Сега самиот си одгледувам зеленчук, поради задовоството од дружењето на земјата која сè лекува, а и секако, поради финансии (вишокот производи го продава на тезга на пазар). Најдов сатисфакција во тоа да им помагам и да ја пренесувам својата добра енергија и и идеја дека многу можеме самите себеси да си помогнеме… Секако, моето семејство е тука со мене и многу ми помага.