Ива трева (планинско подабиче, teucrium montanum) е повеќегодишна билка која расте разгрането до висина од 10 до 30 см. Стебленцата се претежно исправени и делумно дрвенести. Листовите се без петелки, со зелена и сивобела боја.

Цветовите се наоѓаат на врвовите од гранчињата во соцветија со светложолти венечни ливчиња, речиси бела боја. Чашката е гола или ретко влакнеста со горчлив вкус и силен препознатлив ароматичен мирис.

Расте на суви, топли и карпести места, главно на висина од околу 800 м и повеќе. Најчесто расте на јужна страна.

За лек се собира надземниот дел од билката за време на цветањето. Се суши во сенка на проветно место. Се користи како сретство за јакнење, лекување на желудечни болести, болести на жолчната кеса и жолчните патишта.

Во некои наши краишта луѓето имаат неограничена доверба во лековитата ива трева, во оваа мала билка. Па оттаму и изреката: ива трева – од мртва прави жива.

Во состав на ива трева влегуваат горчливи материи, танини, метанол, петролејски етер, клороформ, етил ацетат, 1-бутанол.

Поради состојките често се препорачува за јакнење на имунитетот, а претставува и одличен избор за луѓето кои се изложени на силен стрес. Поради горчливите материи помага кај многубројни болести на желудникот и ја олеснува подуеноста.

Со своето антисептичко делување ги уништува патогените микроорганизми, ги отстранува штетните материи во цревата и желудникот. Делотворна е кај болести на устата и грлото, разни инфекции, габички и афти.

Чајот од ива трева лекува грчеви и ја чисти крвта. Се употребува и против сите видови грозници, а помага и во лекувањето на шеќерна болест.

Според новите истражувања, нивото на антиоксидативни соединенија во чајот се подеднакви на оние што ги содржат гинкото и зелениот чај кои се познати по извонредната лековитост.

Тинктурата од ива треба помага кај хемороиди, болести на црн дроб и жолчно кесе, бидејќи поттикнува проток на жолчната киселина.

Како бања поволно делува врз кожата, особено кога станува збор за рани и промени на кожата. Многу е популарна во облик на балзам за ублажување на ревматизам.

Која болест и да ве мачи, обидете се во лекувањето да ја додадете ива треба, бидејќи таа е универзален лек.

ЧАЈ ОД ИВА ТРЕВА

Една лажичка сува билка прелијте со 200 мл зовриена вода, поклопете и процедете после 15 минути. Се пие трипати дневно по една шолја.