Овој зеленчук нека биде на вашето мени колку можете почесто. Модриот патлиџан се вбројува меѓи најздравите зеленчуци.

Благодарение на големата количина од витамини и минерали кои ги содржи, тој поволно делува врз здравјето на целото тело.

Нутриционистите препорачуваат да се јаде модар патлиџан барем еднаш седмично. Го храни мозокот, го намалува холестеролот во крвта, но и ослободува од стрес.

Еве за што е добар модриот патлиџан:

СЛАБЕЕЊЕ

Модриот патлиџан е зеленчук со висока содржина на вода и многу малку калории. Ова негово својство го прави идеален во исхраната наменета за губиток на вишокот калории. Покрај тоа, има значително помалку калории од останатиот зеленчук, само 35 калории во 100 г, а со исклучителна хранлива вредност.

ГО ЧУВА ЗДРАВЈЕТО НА СРЦЕТО

Од слични причини како и кај слабеењето, модриот патлиџан е одличен за нашето срце. Една студија покажала дека има својство да го намалува нивото на лошиот холестерол, да го подобрува здравјето на ѕидовите од крвните садови и да ги релаксира.

ПОДОБРО ФУНКЦИОНИРАЊЕ НА МОЗОКОТ

Високото ниво на фитонутриенти во модриот патлиџан помага во подобрување на мозочните функции. Комплексот од Б витамини помага во олеснување на физичката и менталната напнатост, па ни овозможува подобро и побрзо да мислиме.

ЛЕКУВА ЗАПЕК И ПОДУЕНОСТ

Влакната кои ги содржи поттикнуваат празнење на цревата и дополнително ја испираат нивната внатрешност. На овој начин дополнително помага во третирањето на хемороиди и колитис.

ИЗВОР НА КАЛИУМ

Калиумот е неопходен за одржување на нормалниот крвен притисок, но помага и во спречување на болести на забите и непцата, како и на крвните садови.

ВИСОКО НИВО НА ГАМА АМИНОБУТЕРНА КИСЕЛИНА

GABA е аминокиселина која има способност да ја намалува анксиозноста, го подобрува сонот и го смирува умот. Модриот патлиџан изобилува со оваа состојка.

ПРЕВЕНЦИЈА ОД РАК

Истражувањата покажале дека сокот од модриот патлиџан може да го намали ризикот од рак, бидејќи содржи трипсин, кој е инхибитор на протеазата, а се смета за компонента која помага при неутрализација на канцерогените клетки.

ЛЕКУВА ДИЈАБЕТЕС ТИП 2

Содржи растителни влакна а многу малку шеќер, па затоа се препорачува во исхраната на дијабетичарите. Дополнително, бидејќи содржи феноли, има својство да го намалува нивото на шеќер во крвта.