Сите барем еднаш ни се случило да ги почувствуваме непријатните симптоми на запекот, како подуеност и болка во стомакот. Нередовното празнење на цревата може значително да го наруши квалитетот на животот.
Запекот најчесто е банална појава, но доколку стане трајна појава во нашиот живот, со себе може да донесе одредени компликации како што се хемороисите на пример.
Интересно, многумина погрешно го толкуваат поимот запек, сметајчи дека тоа е проблем кога столицата не е застапена секој ден. Меѓутоа, нормалната динамика на празнење на цревата може да биде и до 2-3 пати дневно, до 2-3 пати седмично, во зависност од метаболизмот кој се разликува од човек до човек.
Сепак, модерното темпо на живеење, опстипацијата ја претвори во една од најчестите дигестивни проблеми на народот во развиените земји.
Иако недостигот на физички активности, изложеност на стрес, употреба на одредени лекови или занемарување на потребата за празнење на цревата, значително придонесуваат за зголемување на проблемот со нередовното празнење на цревата, меѓутоа, се чини дека главната причина сепак лежи во она што го јадеме, односно, не јадеме.
Имено, за редовна столица секојдневно преку исхраната треба да внесуваме барем 25 грама влакна, а истражувањата покажале дека типичната исхрана од развиените земји обезбедува просечно само 15 г влакна.
Доколку имате проблем со нередовно празнење на стомакот, пробајте го следниот рецепт и никогаш повеќе ќе немате проблем со перисталтиката.
Потребни состојки: 5 суви сливи, 3 суви смокви, 3 урми, 1 полна супена лажица ленено семе, 3 супени лажици овесни снегулки, 1 лажица мелени или сечкани ореви и 500-600 мл млака вода/јогурт/минерална вода со магнезиум
Постапка: Оброкот се приготвува одвечер, а количините на намирниците можете да ги зголемувате или намалувате, односно да ги прилагодите според сопствените потреби.
Сите состојки сомелете ги ситно и прелијте ги со топла вода. Можете и сите заедно да ги изблендирате или само да ги исечкате ситно (по ваша желба). Следниот ден наместо појадок изедете ја смесата.
После половина час испијте најмалку половина литар вода, за да помогне во поттикнувањето на перисталтиката и чистењето на цревата. Треба да очекувате повик за празнење. Повторувајте ја постапката секогаш кога за тоа имате потреба.
Совет: Наместо вода, за мешање на состојките може да користите пробиотички јогурт или газирана вода збогатена со магнезиум, а во смесата може да додадете и сок од алое.