Тоникот е задолжителен дел од рутината за нега на кожата од лицето. Ја одржува влажноста на кожата и овозможува подолго време да остане блескава и младолика.
Наместо да купувате скапи тоници, направете си сами во домашна варијанта кој е еднакво ефикасен. Ќе ви бидат потребни само 10 минути од вашето време.
За кожата да ја задржи еластичноста и да изгледа добро, тајната е во зелениот чај. Поради лековитите својства, листовите од зелен чај се ценети и користени во древна Кина многу милениуми наназад.
Зелениот чај содржи дури 200 биокативни соединенија вклучително галокатехин, епигалокатехин, епикатехин и други, кои имаат одлични лековити својства за кожата.
Ова е рецепт за тоник од зелен чај кој чини чуда за кожата. Доколку го користите секое утро и навечер, за кратко време ќе забележите значителна промена на лицето.
Покрај тоа што ќе изгледа позатегнато и посвежо, вашата кожа ќе стане отпорна на штетните надворешни влијанија.
Потребни состојки:
1 чајна лажичка зелен чај (или 1 кесичка)
200 мл дестилирана вода
Постапка:
Во мал сад со вода сварете ја водата речиси до вриење, но штом ги забележите првите меурчиња, тргнете го садот на страна, па прелијте го зелениот чај. Оставете мах 10 минути, а потоа течноста складирајте ја во шише со распрскувач. Вашиот тоник е спремен за употреба.
Се чува во фрижидер за максимални резултати и за да ви трае подолго. Некогаш, најголемите тајни за добар изглед се сосем едноставни.