Шварцвалд колач со фантастична комбинација од чоколадо, вишни и кора од бисквити

Традиционалниот рецепт за Шварцвалд торта тука е малку изменет и добиен е овој прекрасен колач. Фантастичната комбинација од чоколадо и вишни е заокружена со мека кора од кекси и слој од слатка павлака.

Кекс-кората може да биде заменета со класична бисквит-кора, но за летниот период кексите се вистински избор, кога не мора да се вклучува рерната.

Потребни состојки:

300 г мелени кекси
100 г растопен путер
30 г Несквик или сличен производ
100 мл млеко

за желе од вишни:

Loading...

500-600 г исчистени вишни
200 г шеќер кристал
60 г густин (нишесте)
вода + сок од исцедените вишни, заедно вкупно 400 мл

за глазура:

200 г чоколадо
3 лажици масло

за бел дел:

200 г крем сирење
200 мл слатка павлака
шеќер во прав по желба (во рецептот не се става)

Постапка:

Мелените бисквити прелијте ги со растопен путер, додадете несквик па добро промешајте. Потоа додадете млеко и уште еднаш промешајте малку подолго за да се изедначат состојките. Потоа смесата рамномерно распоредете ја во плех со димензии 30х20 см и израмнете.

Исчистените вишни исцедете ги од сокот, па во сокот додадете уште вода за да добиете вкупно 400 мл течност. Половина од оваа течност заедно со вишните, ставете ги во тенџере и додадете го шеќерот. Ставете на оган.

Во остатокот 200 мл течност растворете го густинот, па додадете го зовриените вишни и мешајте додека да се згусне. Свареното желе од вишни прелијте го преку кората и израмнете, а потоа плехот протресете го за дополнително да се распореди. Оставете да се лади додека ја приготвувате глазурата.

Чоколадото и маслото растопете ги на умерен оган во микровранова печка или на пареа. Глазурата прелијте ја преку желето од вишни и оставете на сте стегне во фрижидер.

Изматете ја посебно слатката павлака, а посебно крем сирењето, па потоа соединете ги. По желба додадете шеќер во прав. Премачкајте преку чоколадната глазура и колачот е готов. Декорација може, но и не мора. Деталите погледнете ги во видеото:

Loading...