Александра имала само 21 година кога лекарите и давале само уште еден месец живот. Наодот после хемотерапијата ги оставил во чудо.
Кога имала само 21 година на Александра Матиќ и бил откриен рак на јајници кој се проширил и на мозокот. Лекарите не и давале ни најмала шанса дека ќе преживее. Девет години подоцна оваа храбра девојка која целосно се опоравила, раскажува како изгледал нејзиниот живот после дијагнозата и во текот на лекувањето.
-После хемотерапијата имав толку неподносливи болки, што на моменти сакав што поскоро сè да се заврши и да одам таму некаде, како што велат, на местото каде нема страдање, ниту болка, ниту несреќа… Понекогаш морав да лазам до тоалетот, бидејќи немав сила да одам.
Се влечев по подот, потоа застанував, се одморав некоја минута, па продолжував. Понекогаш ми беа потребни цели 15 минути за да стигнам до бањата, а од мене беше на три метри растојание.
Имав едвај 40 килограми – се сеќава девојката на која лекарите и давале само уште еден месец живот откако и бил откриен ракот.
Без разлика на тоа колку била црна дијагнозата а лекувањето тешко, Александра никогаш не се посомневала во тоа дека ќе ја победи болеста.
-Уште како многу малечка бев многу болежлива. Постојано ме напаѓаа разни вируси и инфекции, а лекарите тоа го препишуваа на мојот необично слаб имунитет. А наодите секогаш ми беа уредни.
Меѓутоа, една ноќ стомакот одеднаш ми со поду како да сум во осми месец бременост, а потоа самиот се издиша. И температурата започна да расте и навистина се исплашив, бидејќи некој внатрешен глас уште тогаш како да ми велеше дека имам рак.
После прегледот и зборовите: “Што си чекала досега?!” барав да ми ја кажат вистината и како гром од ведро небо ми одекнаа зборовите “Најмногу еден месец” – раскажува Александра.
Иако потајно се надевала дека има излез, сепак размислувала за смртта. Александра не се предавала. Ја победила оваа злокобна болест иако лекарите и давале само еден месец живот.
-Ќе ве излажам ако ви кажам дека не се плашев. Ме оперираа и ме отпуштија од болница да си одам дома, зошто мислеа дека за мене е дојден крајот и не пости лек кој би ме спасил.
После операцијата останав без јајници, матка, лимфни јазли и стомачна марамица. Иако ракот метастазираше на мозок и дебело црево, лекарите ме советуваа да не одам на хемотерапија, зошто, како што прогнозираа тие, поради лошиот имунитет, таа би ме докрајчила – истакнува Александра.
Меѓутоа, таа одлучила да не се предава без борба и денес е тука каде што е, жива, здрава и меѓу своите најблиски!
-Толку бев слаба, па и моите стравуваа дека нема да ја преживеам хемотерапијата. Но, знаев дека мора да се борам, а не да очајувам и да паѓам во депресии – вели Александра.
Наодот после хемотерапијата лекарите ги оставил во чудо.
-Ми рекоа дека организмот ми се регенерирал и дека сум целосно здрава. Се повлекло сè и од мозокот и од цревата. На секои девет месеци одам на контрола и се хранам здраво. Меѓутоа, 9 години сум во климакс, па имам холестерол, остеопороза, слабо памтење. Кога ќе сумирам низ што сè поминав во животот, не ме ни чуди што лекарите ме прогласија за медицински феномен – истакнуваа Александра.
Фенирајќи ја својата перика, таа го засакала фризерскиот занает.
-Во текот на хемотерапијата одев кај пријателка во салон за да ги средам ноктите и да ми ја исфенираат периката. После започнав истото од дома да го правам и така го засакав фризерскиот занает, па веднаш после терапијата почнав да работам во салон.
Планирам да се запишам на академија, бидејќи оваа работа добро ми оди. Би сакала да отворам салон со третмани за заболени од канцер, а веројатно и оваа желба еден ден ќе ми се исполни – вели оваа млада и храбра жена.
СЕМЕЈСТВОТО Е НАЈГОЛЕМО БОГАТСТВО
Александра нагласува дека најголема поддршка во животот се нејзините сестри Зорица, Ранка, Драгана и Илијана, како и мајка и Стана и татко и Божо, кој за жал повеќе не е меѓу живите.
-И кога лекарите ми рекоа дека нема да живеам подолго од еден месец, знаев дека кон себеси и кон своите родители би била себична доколку се откажев. И тогаш бев свесна дека тие поминуваат низ поголеми маки од моите, бидејќи секогаш повеќе стравуваме за животот на саканите, отколку за својот. Така одлучив да се борам и се изборев до крај – раскажува Александра.
НА 14 ГОДИШНА ВОЗРАСТ ДОЖИВЕАЛА КЛИНИЧКА СМРТ
-Кога имав 14 години, нагло ми се слоши и го изгубив видот. Итно ме однесоа во детската болница во Нови Сад, каде едно време слушав само едноличен тап звук од апаратот за реанимација и мајка ми која болно крикна покрај постелата. Потоа сè околу мене стана бело, без слика и тон.
Кога си дојдов на себеси, ми рекоа дека сум преживеала клиничка смрт?! Мислев дека од тоа не може ништо полошо да ми се случи, ама ете, после неколку години ми ја открија подмолната болест која ја платив со губиток на пет органи и надеж дека еден ден ќе бидам мајка.
Меѓутоа, можам да посвојам дете и да го усреќам! Не е мајка само таа која раѓа, туку онаа која љуби – заклучува Александра.