Постои еден многу ефикасен природен лек кој откако за првпат го објавивме, добивме многу позитивни искуства од читатели кои го испрбале.

Станува збор за препаратот приготвен од рен, една навистина чудотворна намирница која повеќенаменски лекува.

Кај главоболки и синуситис честопати не помагаат ниту силни лекови, па затоа некогаш е потребно решението да го побараме во природната медицина која ни е на дофат раце.

Во борбата против овие тегоби како најдобар сојузник се покажа – ренот!

Една стара поговорка вели: “Ротквицата вреди колку оловото, репката вреди колку среброто, а ренот вреди колку златото.”

ПРИГОТВУВАЊЕ НА СМЕСАТА:

Препорака е свежиот рен да го изрендате и прелиете со винска киселина, а потоа да го ставите во шише од половина литар и да го затворите.

Смесата треба да отстои десет дена на собна температура со повремено протресување.

По изминатиот период, неколкупати во текот на денот преку отвореното грло на шишето вдишувајте ја смесата по пет минути.

Си истата течност натопете ткаенина и ставете ја како облога на челото и слепоочниците, да делува преку ноќта.

Терапијата трае пет дена, што е доволно лутиот и силен мирис на ренот во оцетот да ве ослободи од синуситисот и непријатните главоболки.

Едно од решенијата е да изрендате 50 г рен и да го ставите во 500 мл вода да зоврие. Потоа ставете ја главата врз тенџерето, покријте ја со пешкир и вдишувајте ги испарувањата.