Кога има чести временски промени, а особено кога во воздухот се чувствува спарнина, многумина се жалат на тапа болка во нозете.

Доколку имате проблеми со болка и тежина во нозете, артритис, артроза, остеохондроза, болки во зглобовите и мускулното ткиво, испробајте го овој лек.

Ги смирува и ублажува болките во нозете и зглобовите. Сите потребни состојки за приготвување на овој домашен лек можете да ги купите од било која аптека.

Потребни состојки:

300 мл алкохол
10 мл камфорен алкохол – спирт (1 шишенце)
10 мл јод (1 шишенце)
10 таблети силен аналгетик

Постапка:

Таблетите издробете ги во прав па измешајте ги сите состојки заедно во стаклено шише. Оставете да отстои 21 ден на темно и ладно место со повремено протресување.

По изминување на три седмици можете да го користите: нежно масирајте ги уморните нозе и болните места на телото.

ЗОШТО ЧУВСТВУВАМЕ УМОР И ТЕЖИНА ВО НОЗЕТЕ?

Умор, грчеви и тежина во нозете се јавуваат после долгочасовно стоење или седење. Причината за тоа се видот на работата која се извршува а која бара напорна работа, стоење на нозе, долгочасовно седење, прекумерна телесна тежина и недоволна физичка активност.

Генетската предиспозиција ги влошува проблемите, па лицата имаат проблеми и со вените и капиларите.

Отоците и тежината предизвикуваат лоша циркулација и таложење на вишок течности. Венскиот застој ја ослабува циркулацијата, а како последица чувствуваме болки и умор во нозете. Во летните месеци во текот на големи жештини, овој проблем се зголемува.

А олеснување на наеведините симптоми се советува пред напорна работа да се обидете со помали промени кои ќе дадат големо олеснување. Пред сè, кога ќе ви се укаже можност, ставете ги нозете во повисока положба, направте евежба со кружни движења на стапалото и туширајте ги нозете наизменично со топла а потоа со ладна вода.

Ова ја зголемува циркулацијата, ги намалува отоците и ја враќа свежината во вашите нозе. Уште една активност која ќе ви ги олесни тегобите е пливањето. Тоа е идеално за зголемување на циркулацијата, јакнење на венскиот систем и олеснување на тегобите во нозете.

За да го ублажите уморот и тегобите во нозете, со себе секогаш носете некој разладувачки гел, консумирајте магнезиум за опуштање на мускулите и спречете создавање на варикозни вени.