Неодоливата песок торта е готова за половина час. Навистина, можеби ќе ви звучи неверојатно, но навистина, оваа превкусна торта може да се приготви за само 30 минути.
Зошто да чекате пудингот да се излади па да го ставите путерот и повторно да миксате и целата процедура да се повторува? Нема потреба! Во врелиот пудинг веднаш додадете го путерот, поделете го на три дела, додадете ги останатите состојки и редете ја тортата во слоеви. Ова можат и деца да го направат. А се добива навистина многу убава и голема торта, а ќе се уверите и дека многу лесно се приготвува, без миксер и печење во рерна.
Потребни состојки:
1,5 литар млеко
6 пудинг од ванила
250 г шеќер
2 ванилин шеќер
250 г путер
300 г кокос (1.фил)
300 г мелена плазма (2.фил)
200 г чоколадо (за 3.фил)
200 г мелени ореви (за 3.фил)
за декорација шлаг или по желба
Постапка:
Шест пудзи од ванила помешајте ги со 250 г шеќер и малку млеко, одземено од 1,5 литар млеко. Промешајте добро за да се растопи шеќерот и да нема грутчиња од прашокот за пудинг.
Остатокот од млекото ставете го на оган, додадете 2 ванилин шеќер и промешајте. Кога млекото ќе зоврие, постепено додадете ја разматената смеса и постојано мешајте на намален оган, додека убаво да згусне.
Откако ќе се свари пудингот, додека е врел, во него додадете 250 г исечкан путер и промешајте за да се растопи и соедини со пудингот. Добро измешајте. Пудингот веднаш поделете го на три еднакви делови, во различни садови. Двата сада покријте ги со фолија или повремено промешувајте ги за да не фатат коричка.
Во првиот дел додадете 300 г кокосово брашно и промешајте да се изедначи. Во вториот дел промешајте 300 г мелени бисквити и промешајте за да се изедначи. Во третиот дел додадете 200 г растопено чоколадо (промешајте) и 200 г мелени ореви. Убаво промешајте до изедначување.
Редење: на дното од калапот прво нанесете го филот со кокос, рамномерно распоредете и израмнете, како втор фил распоредете гја мешавината од пудинг и бисквити, а на крај нанесете го чоколадниот фил.
Оставете ја тортата во фрижидер 2-3 часа за да се стегне. Потоа извадете го обрачот и декорирајте ја со шлаг или по желба. Деталите можете да ги погледнете во видеото: