Неодоливо чоколаден, ќе ги освои сите ваши сетила – омилениот летен десерт, се приготвува лесно и брзо, па уште и од чоколадо….

Дали можете да со замислите нешто послатко и попримамливо од ова во топлите денови што ни следат?

Потребни состојки:

5 белки
10 супени лажици шеќер
5 жолчки
500 мл слатка павлака
1 ванилин шеќер
300 мл млеко
200 г црно чоколадо
100 г лешници

Постапка:

Млекото ставете го во тенџере добро да се загрее. Во посебен сад изматете ги жолчките, па додадете го шеќерот и матете додека да се растопи.

Во врелото млеко сварете ги жолчките со постојано матење, додека смесата да се згусне, исто како пудинг. Тргнете на страна и оставете да излади.

Посебно изматете ги белките, па додадете ги во изладениот крем од жолчки. Потоа изматете ја слатката павлака во цврст шлаг, па во тенок млаз додадете во неа растопено чоколадо.

Соединете ги двете смеси (кремот од жолчки соединет со снегот од белки и шлагот од слатка павлака соединет со растопено чоколадо).

Убаво измешајте за да се соединат двете смеси, па смесата прелијте ја во пластичен сад. Одозгора наросете ситно сечкани лешници и кршено чоколадо.

За побогат вкус, можете и во самиот крем да додадете рендано чоколадо, но тоа е по вкус. Ставете да се замрзне на неколку часови (најмалку 3 часа), а потоа уживајте во неговиот прекрасен вкус.