Во природата се крие лек за секој проблем. Доколку имате тегоби со цисти и миоми, оваа билка е најдобра. Билкарите тврдат дека 30% од гинеколошките опеpации може да се одбегнат со употреба на овој чај доколку навреме започнат да се користат, со претходна консултација на лекар.
За билката Бисерок (вркута) не случајно се вели дека е најдобриот пријател на жените. Исклучително е лековита и помага кај воспаленија, неплодност и кpвавење. Името Alchemilla потекнува од арапскиот збор “alkemelych” (алхемичар), а билката го добила од старите писатели поради своите големи исцелителни моќи.
Старите народи верувале дека оваа билка е најлековита доколку се набере навечер кога Месечината е во последната четвртина. Позната е како вирак, ситна росница и бисерок.
Помага во лекувањето на следниве болести: полицистични јајници, воспаление на јајници, ваг-инални инфекции предицикани од ХПВ, разни бактериски инфекции, зголемен секрет („бело прање”), нередовен менструален циклус, хормонални пореметувања, ублажување на тегоби од менопауза и ПМС,
Потоа, менструални болки, проблем со зачнување, присуство од ризик за спонтан абортус, рани на грлото од матката, рак на дојка, дијареа, упорна кашлица, воспаление на ждрелото, помага за слабеење и исфрла вишок течности од телото.
Бисерокот содржи флавоноиди, органски киселини, танини, фитостерини, салицилна киселина, етерично масло и вистинско богатство од витамин Ц. Поради танините има горчлив вкус, но исто така и моќно антивоспалително и антибактериско дејство.
Еден од потешките проблеми кои ги мачат жените е неможноста да забременат. Бисерокот е најдобриот билковен избор за лекување на неплодност кај жени. Делува како одличен регулатор на хормоните, поттикнува раст на прогестеронот и доведува до поуредна менструација.
Исто така, ефикасно ги топи вишокот килограми и помага кај полицистични јајници. Може да помогне кај слаба матка и да ја заштити трудницата од спонтан абоpтус.
Според билкарите, секоја жена која тукушто се породила треба да пие чај од Бисерок 8 до 10 дена после пораѓајот. Се препорачува и кај повpеди после пораѓај, како и кај спуштен стомак.
ГИ ЕЛИМИНИPА БАКТЕРИИТЕ И BИРУСИТЕ . Најновите научни истражувања покажуваат дека Бисерокот спречува раст на многу видови бактерии, вклучително и на стафилококата – бактерија која веќе е отпорна на многу антибиотици. Се смета дека оваа билка има и моќни антивирални својства.
ЛЕКОВИТ ЧАЈ ОД БИСЕРОК Прелијте една лажичка бисерок во 250 мл зовриена вода, па оставете 5-10 минути поклопено. Потоа процедете и пијте во голтки. Препорачана доза се две шолји чај на ден. Овој чај е лековит, но потребна е упорност. Најдобро е да се пие и до 4 месеци во континуитет за да исчезнат проблемите.
Напомена: После 4 месеци употреба се препорачува пауза од минимум 2 месеци. Исто така, лицата кои имаат проблем со желудник, црн дроб или жолчна кеса, би требало да го пијат овој чај во помали доза или под контрола на лекар. Пред употреба на препарати од народната медицина советувајте се со вашиот лекар.