Во оваа статија ви го откриваме рецептот за чистење на белите дробови и дишните патишта. Станува збор за една многу лековита билка која малку е подзаборавена кај луѓето, а во фармацијата се користи за изработка на лекови кои служат лекување на бели дробови и кашлица.

Особено се препорачува за лекување на астма и бронхитис. Во случај на сува кашлица оваа билка помага во разбивање на слузта и поттикнува нејзино исфрлање. На тој начин ги прочистува белите дробови и го олеснува дишењето.

Оман (лат.Inula helenium) е лековита билка која со векови се користела во природната, холистичка медицина. Расте на ливади и покрај патишта. Може да порасне и до 2 метри, а нејзините цветови се жолти и малку потсетуваат на цветот од сончогледот.

Лековитиот дел од билката е коренот кој има пријатен мирис но, горчлив вкус. Најмногу се користи за изработка на природни лекови за дишни патишта, односно за чистење на белите дробови и лекување на кашлица. Се препорачува за лекување на астма и бронхитис. Во случај на сува кашлица оваа билка помага во разбивање на слузта и поттикнува нејзино исфрлање. На тој начин ги прочистува белите дробови и го олеснува дишењето.

Оман содржи етерични масла (камфор, хеленин), инулин, алантонинска киселина, сесквитерпенски лактони, сапонини, стероли и пектин.

Есенцијалните масла од оманот се користеле за лекување на кашлица кај туберколоза, а искуствата покажуваат дека неговиот корен поттикнува лекување на настинки, грип, пневмонија, бронхитис, астма и плевритис.

Оманот може да се користи како тинктура, чај, како есенцијално масло и како комбинација со други лековити природни намирници. Еден од познатите лекови од оман наменет за здравје на белите дробови и дишните патишта е комбинација од мед и коренот од оваа билка.

РЕЦЕПТ: МЕД И КОРЕН ОД ОМАН

Коренот од оман исчистете го добро, исечкајте го на парчиња и ставете го во тегла. Потребно е половина тегла од 750 мл да ја исполните со корен, а потоа другата половина да ја исполните со мед.

Превртувајте ја теглата неколку денови на една страна, па на друга страна, за да можат состојките да се соединат. После неколку денови лекот може да се користи и се препорачува да се чува во фрижидер.

Додека медот ги ублажува иритациите во грлото и белите дробови, оманот има антибактериско дејство и успешно ја разбива слузта во белите дробови.

Кога имате проблем со кашлица, а може и превентивно, секој ден консумирајте по една лажица од овој природен лек.