Рецептот од народната медицина кој ќе го прочитате подолу е многу популарен во светот поради неговата ефикасност.

Уверен во делотворноста на оваа терапија, Лари Рајт основал фирма за производство и дистрибуција на џин со натопени зрна од суво грозје.

Според наводите од фирмата, пакувањето од половина килограм е доволно за еден месец. Рајт, кој има 79 години, претходно со години пател од силни болки предизвикани од артритис. Тоа траело сè додека не го пробал третманот со “Пијаното грозје”.

Откако болките престанале, започнал да го споделува своето “Пијано грозје” со пријателите, а производот бил толку многу баран, што започнал и свој биснис. Рајт во грозјето додава цимет и мед поради противвоспалителните својства и добриот вкус.

Па така, стариот народен рецепт против артритични болки станал сè попоуларен, а сè повеќе засегнати луѓе, но и здравствени работници, меѓу кои и доктор Оз, започнале да го насочуваат своето внимание кон ова природно решение.

Доктор Оз цела една емисија ја посвети на природните лекови кои ги олеснуваат болките предизвикани од артритис. Еден од рецептите препорачува суво грозје натопено во џин.

Според искуствата и научните истражувања, смрекинките од бобинките кои му го даваат вкусот на џинот, содржат доста терпентин и поради тоа се користат во бројни рецепти против воспаленија.

Сувото грозје е богато со антиоксиданти, Б витамини, минерали, железо, калиум и калциум, а познато е и како народен лек за ублажување на болки.

РЕЦЕПТ

За да го приготвите овој природен лек, потребно е сувото грозје да го ставите во стаклена тегла и да го прелиете со џин (1-2 прста над сувото грозје) направен од смрекинки (прочитајте на амбалажата од шишето).

Затворете и оставете најмалку една седмица за да набубри сувото грозје и да го впие џинот. По вкус, во џинот може да додадете мед и цимет.

Употреба: Секој ден консумирајте по 9-13 зрна.