Силната болка во средината на петата, која не дозволува поголемо оптеретување на тој дел од стапалото – е знак дека дошло време да започнете со вежби, масажа и лековити облози.

Болката која се јавува во петата, најчесто после првите чекори кога ќе станете од спиење или после долго седење, укажува на појава на “петен трн”. Ублажете ги болките со облози направени од мед, сол и аспирин.

“Петен трн” односно Calcar calcanei е израсток на петната коска. За овој израсток карактеристична е силна болка во средишниот дел од петата, која не дозволува оптеретување на тој дел од стапалото.

Симптомите од петниот трн се најчесто моментно губење на чувството во тој дел од ногата. Болка во петата при одење па дури и седење или лежење, може да доведе до чувство на пецкање или боцкање како убоди од иглички.

Исто така, може да дојде и до привидна одземеност на стапалото или целата нога. Пациентите најчесто се жалат дека имаат чувство како да имаат шајка забодена во петата.

Терапијата за лекување на “Петен трн” се одредува според моментната состојба во која се наоѓа пациентот. Целта на оваа терапија е исцелување на оштетените структури, ублажување на болките, истегнување на меките структури, и јакнење на мускулите од ногата.

На пациентите им се препорачува одмор, вежби за стапала и употреба на лекови. Исто така се препорачува носење на специјално изработени ортопедски влошки.

Најчестата терапија е всушност комбинација од повеќе различни постапки за побрзо и поуспешно да се смират и намалат болката и воспалението.

Лекувањето на петниот трн обично трае неколку седмици. Сепак, за целосно да се повлече и да се стопи овој израсток, понекогаш се потребни и неколку месеци.

Ако не се лекува петниот трн навремено, може да дојде до хронична промена на ткивото, а кај потешките случаи е потребна и операција.

Совети за лекување на петен трн:

-Зголемете ја циркулацијата и зголемете го внесот на калциум за да се намали болката
-Користете облога од мед и сол
-Направете тинктура од аспирин
-Правете вежби за стапалото и удари во пета

ОБЛОГАТА ОД МЕД И СОЛ се приготвува со мешање на двете состојки во однос 1:1. Во што подебел слој намачкајте ја смесата на болното место, прекријте со газа и фиксирајте со завој или фластер, па завиткајте со најлонска кеса. Најпосле облечете чорапи и преспијте со облогата. Оваа облога треба да се става секоја вечер додека болката да исчезне. Може да ја комбинирате со тинктурата од аспирин и да ја ставате секоја втора вечер.

ТИНКТУРА ОД АСПИРИН: 10 таблети од 200 мг издробете ги ситно во прав, а потоа прелијте ги со 250 мл комова ракија или 70% медицински алкохол. Оставете да отстои 1-2 дена. Секоја вечер ставајте облога на петата, завиткајте со кеса, облечете чорапа и преспијте. Наутро стапалото измијте го со млака вода, добро избришете и намачкајте масен крем.

Кога е потребно да побарате лекарска помош? Ако не сте сигурни во причината за болката, обратете се на лекар. Лекувањето мора да биде правилно насочено и под контрола.