За време на епидемијата од коронавирус се советува да се јаде здрава храна која го јакне телото. А има ли поздрава билка од копривата?
Сите знаеме колку копривата е здрава. Кога би можеле нашите баби би ја прогласиле за света билка. Ова се сите позитивни својства на копривата:
-ги јакне забите и коските
-одлична е за минерализација во период на раст
-им се препорачува на трудници и доилки
-обезбедува дневен внес на калциум во секојдневната исхрана
-богата е со магнезиум, па спречува тегоби од церебрални, васкуларни, мускулно-тетивни и висцерлана природа.
-спречува појава на аденом на простата и помага при терапија на акутен простатитис
-ги обезбедува потребните количини на цинк чиј недостиг доведува до различни пореметувања
-содржи манган кој ја ублажува старечката сенилност и деменција
-содржи доволна количина од витаминот К кој спречува крвавење, а неговото значење за организмо и секојдневното присуство во храната е причина што популарно се нарекува “фактор на долговечноста”
Создавањето на хемоглобин го помагаат железото, бакарот и витаминот Ц, а манганот помага да се активира железото од депоата, па затоа секојдневната употреба на копривата претставува вистинска превенција од анемија.
СТАРИ РЕЦЕПТИ ЗА ЈАДЕЊА ОД КОПРИВА
1.Појадок од коприва:
20-тина врвови млада коприва (може и повеќе)
1 главица кромид
1 лажица маст
5 јајца
малку млеко
малку кајмак
Постапка:
Копривите обарете ги во врела вода (најмногу 5 минути да врие водата). Ва тава на маст или масло пропржете го ситно исечканиот кромид, па додадете ја обарената коприва.
Динстајте околу 5 минути па прелијте со изматени јајца во кои сте додале малку млеко и малку кајмак. Посолете по вкус и послужете за појадок.
2.Јунешка чорба од коприва
1 лажица маст
1 главица кромид
3 чешниња лук
300 г коприва
200 г спанаќ
500 г јунешко месо на коцки
малку сол и црн пипер
малку брашно
Постапка:
Коцкичките јунешко месо извалкајте ги во брашно и пропржете ги на врело масло. Кога месото ќе фати коричка извадете го во чинија.
Во истата маст издинстајте ги исечканите кромид и лук, па додадете обарена коприва и спанаќ. Динстајте додека зеленчукот да омекне. Додадете малку вода и месото. Посолете и зачинете по вкус, па оставете на тивко да се динста околу еден час, а по потреба додавајте вода. Послужете топло со лажица кисело млеко.
3.Проја со коприва
3 јајца
100 г кисела павлака
1 лажица кајмак
1 лажица маст или путер
500 г млада коприва
100 г ситно сирење
малку јогурт
100 г бело брашно
1 прашок за печиво
малку сол
400 г пченкарно брашно
Постапка:
Копривата обарете ја и процедете ја. Додадете јајца, сирење, павлака, кајмак, путер, јогурт и изматете.
Додадете сол и брашно, прашок за печиво и пченкарно брашно. Соединете ги сите состојки а добиената смеса излејте ја во плех и печете во загреана рерна на 200 степени околу половина час.