Малиот Димитар во нашата клиника беше примен на 07.04.2020 co дијагноза на тешка вродена срцева маана (Тетралогија на Фало). На прием детето беше co ниска кислородна сатурација и знаци за срцево оптеретување и слабост.
На 08.04.2020 се направи тотална корекција co затварање на вентрикуларниот септален дефект и проширување на десната предкомора и пулмоналната валвула.
Оперативниот тек помина во најдобар ред.
Заради специфичноста на заболувањето и тежината на општата состојба детето беше на пролонгирана механичка вентилација и co високи дози на инотропна поддршка. Опасноста од десно срцева слабост постепено ја надминавме co внимателно следење на виталните параметри и соодветна терапија за поддршка на срцевата работа.
Малиот борец беше успешно симнат од машината за дишење четвртиот постоперативен ден. Во следните денови постепено ја воспоставивме исхраната на уста co млечна формула и продолживме co респираторна и физикална терапија.
– Седмиот постоперативен ден мајката повторно го зема во својата прегратка. Првото спојување после операција секогаш е најемотивниот и воедно најубавиот момент. Чувство кое co зборови не се опишува. Целиот труд што сме го вложиле се гледа во тие моменти на среќа и радост.
Co Димитар и неговото семејство ќе се гледаме на редовните контроли. Ќе се гушкаме и радуваме на секое негово напредување и растење – изјави доктор Дијана Попевски, анестезиолог во нашата клиника.
Од името на целиот персонал од Zan Mitrev Clinic му ја посакуваме целата среќа и радост. Да останат така храбри и позитивни засекогаш, тука сме секогаш како поткрепа во било која ситуација.
Почитувани читатели, проследете уште едно видео од нашата клиника Жан Митрев, за уште една убава, прекрасна приказна.
Од сончевата Гевгелија ни доаѓа едно мало сонце кое се вика Димитар и денеска ќе ви го претставиме целата негова животна сторија која се одвиваше во нашата клиника изминативе неколку недели.
Разговараме со неговите родители кои денес дојдоа на првата контрола:
-Димитар денес првпат доаѓа на контрола после операцијата, што се случуваше изминатиов период?
-Јас сум мајката на Димитар, Даниела и таткото Роберт, доаѓаме Гевгелија. Пред оперативниот зафат имавме проблеми со Димитар, тојсе роди со срцева мана, а после успешната операција тој добро напреднува, благодарение на доктор Жан Митрев и целиот негов тим.
-Како се одвиваше престојот во клиниката? После операцијата дојдовте како родител, како сте задоволни од она што го пружи оваа клиника кон вас како родители и кон вашето дете?
-Само пофалби, негата беше на ниво од целиот тим кои деноноќно беа со нас и ни пружаа секаква помош.
-Сега помина првата контрола кај доктор Милев, што ви кажа тој, како понатаму ќе продолжи негата на малиот Димитар во домот?
-Препишаната терапија продолжува, за еден месец ќе дојдеме пак на контрола и ќе ги следиме препораките.
-Кратка изјава до таткото, ова е вашето трето детенце, трето па машко што би рекле, дали сестричките го очекуваат дома, дали се радуваат и го очекуваат дома?
-Јас сум Роберт, таткото на Димитар, тој ни е трета среќа, имаме голема помош од ќерките, пред сè бидејќи се поголеми и ни помагаат во сè е потребно, особено во овие тешки моменти кои ги поминавме за овој еден месец.
Целото видео со случајот на малиот Димитар можете да го проследите на видеото подолу:
По успешната операција малиот Димитар замина дома
Малиот Димитар во нашата клиника беше примен на 07.04.2020 со дијагноза на тешка вродена срцева маана (Тетралогија на Фало). На прием детето беше со ниска кислородна сатурација и знаци за срцево оптеретување и слабост. На 08.04.2020 се направи тотална корекција со затварање на вентрикуларниот септален дефект и проширување на десната предкомора и пулмоналната валвула. Оперативниот тек помина во најдобар ред. Заради специфичноста на заболувањето и тежината на општата состојба детето беше на пролонгирана механичка вентилација и со високи дози на инотропна подршка. Опасноста од десно срцева слабост постепено ја надминавме со внимателно следење на виталните параметри и соодветна терапија за подршка на срцевата работа. Малиот борец беше успешно симнат од машината за дишење четвртиот постоперативен ден. Во следните денови постепено ја воспоставивме исхраната на уста со млечна формула и продолживме со респираторна и физикална терапија. – Седмиот постоперативен ден мајката повторно го зема во својата прегратка. Првото спојување после операција секогаш е најемотивниот и воедно најубавиот момент. Чувство кое со зборови не се опишува. Целиот труд што смего вложиле се гледа во тие моменти на среќа и радост. Со Димитар и неговото семејство ќе се гледаме на редовните контроли. Ќе се гушкаме и радуваме на секое негово напредување и растење – изјави доктор Дијана Попевски, анестезиолог во нашата клиника. Од името на целиот персонал од Zan Mitrev Clinic му ја посакуваме целата среќа и радост. Да останат така храбри и позитивни засекогаш, тука сме секогаш како поткрепа во било која ситуација.
Публикувахте от ZAN MITREV в Понеделник, 4 май 2020 г.